На интернет сајтот на Министерството за внатрешни работи е објавено дека потерницата по Никола Груевски сега е меѓународна.
МВР откако ја утврди информацијата дека Груевски се наѓа во Унгарија, од Судот побара да издаде решение за распишување на меѓународна потерница.
Претходно по него беше распишана само национална потерница.