Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На Синедејс вечерва добитникот на “Златниот лав” од Венецијa

0
By Нова ТВ on November 13, 2015 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


По вчерашното отварање на фестивалот денска на репертоарот во Кино Милекиум во 20. 00 се прикажува филмот “Од далеку” на венецуелскиот режисер Лоренсо Вигас. Филмот „Од далеку“, ја освои наградата „Златен лав“ за најдобро остварување на овогодинешниот филмскиот фестивал во Венеција. „Од далеку“ е сторија за богатиот средовечен човек Армандо кој со своите пари намамува млади мажи во неговиот дом. Не сака да ги допира туку сака само да ги гледа од далеку. Првата средба на Армандо со уличниот силеџија Елдер е насилна, но тоа не претставува пречка за одушевеноста на осамениот човек од грубиот, убав тинејџер. Парите се причината што Елдер редовно го посетува и се појавува неочекувана интимност. Но минатото на Армандо постојано ги следи и Елдер се решава да го изврши крајниот чин на љубов.

Во Кино Фросина во конкуренцијата СинеБалкан во 21.00 се прикажува хрватскиот филм „ЗАГРЕБ КАПУЧИНО“ на режисерот Вања Свиличиќ. Филмот е суптилна приказна за две жени, најдобри пријателки кои во своите 40-ти години трагаат по среќа. Вниманието им е свртено кон нивните емотивни состојби бидејќи Петра се разведува во Загреб, а Кика доаѓа од Келн за да ја утеши. Кика, светска девојка што обожава забава, ја учи неодамна разведената Петра како да продолжи понатаму со животот без сопругот и семејството. Преку неколку шолји кафе и вечерно излегување дознаваме за нивните стравови и маки, нивната осаменост и нивната несигурност. Улогите ги толкуваат Мила Елеговиќ и Нела Косцис.

Во рамките на музичката програма на овогодишниот CINEDAYS гостува еден од најславните британски андерграунд DJ-и, во исто време и миленик на скопската клубска публика, TERRY FRANCIS.

Познат како човекот што направи kick-start на technohouse лондонската сцена преку својата клубска вечер Wiggle и веќе 16 години резидент DJ во еден од најславните светски aндерграунд мега-клубови, лондонскиот FABRIC. Тој е редовен гостин на скопските подиуми уште од крајот на 90-тите.
ПМГ Рекордингс и BTKRSH се локалните тимови што ја промовираат оваа вечер, а Мирко Попов и Andreas Hz ќе ја загреат атмосферата пред настапот на Terry Francis.
Билетите по цена од 150 денари се во продажба на билетарницата на МКЦ, а по полноќ на 13.11., цената на билетите ќе биде 200 денари.

Повеќе информации за репертоарот на фестивалот на www.cinedays.mk

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.