Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На светскиот ден на здравјето Ромите со слаб пристап до здравствени услуги

0
By Менче Атанасова Точи on February 13, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Бараме малку повеќе почит од страна на лекарите, тоа што сме Роми не значи дека ништо не разбираме, ние се разбираме само бараме малку љубезност и разбирање од страна на лекарите. Установата каде што се вршат прегледите и вакцинацијата во Шуто Оризари е стара, сакаме да се реновира, да има повеќе лекари и медицински сестри, сакаме хигиената да е на повисоко нив. Со овие зборови ја започна својата приказна Љаљифа Демир, мајка на две деца од скопската населба Шуто Оризари.

„Сакаме подобри услови за нашите деца, за прегледи, за стоматолошки услуги, за матичен лекар. Немаме дежурна служба во ноќните часови, патронажните медицински сестри не можат да не најдат бидејќи има многу жени на листата, треба да има повеќе возила и повеќе патронажни сестри. Ние жените плаќаме гинеколошки прегледи бидејќи немаме матичен гинеколог во поликлиниката, рече Љаљифа Демир.

На Светскиот ден на здравјето, Ромите имаат слаб пристап до здравствени услуги. Десет години по декадата за инклузија на Ромите и првиот национален план за унапредување на здравјето на Ромите, состојбата на терен е катастрофална. Се уште кај ромските деца вакцинацијата е на многу пониско ниво од останатите деца и се движи од 55 до 95 проценти за различни вакцини. Истражувањето на ЕСЕ покажало дека не се користат буџетските пари наменети за Ромите

„ Од буџетските средства наменети за Ромите во периодот 2005-та до 2011-та година потрошени се само 1, 4 проценти од парите, изјави Борјан Павловски од ЕСЕ.

Невладината КХАМ која делува во регионот на Делчево, Пехчево и Виница, велат дека немаат партонажно возило и патронажните служби не можат да одговорат на потребите. Во цело Црник кое е одалечено 20 километри од Здравствениот дом, жените Ромки немаат финансиски средства да патуваат на лекар. Помалку од 30 проценти добиле покани за скрининг за рак на грлото на матка.

„ Жените немаат пари за патни трошоци и ние успеавме да обезбедиме мобилна гинеколошка екипа, така што 160 жени од село Црник и околу 200 жени Ромки од Виница го искористија правото на преглед во комбе„ рече Зоран Биковски од НВО КХАМ.

Додека надлежните од здравството организираат прослави за Светскиот ден на здравјето 7-ми април, овие луѓе си ги кажаа маките и проблемите со кои се соочуваат секојдневно. Годинешното мото на Светскиот ден на здравјето е „ За безбедна храна од нива до трпеза“.

Во Институтот за јавно здравје предупредуваат дека само минатата година од
болести поврзани со загадена храна со бактерии заболеле 909 луѓе од алиментарни инфекции , 204 биле заразени со салмонела, 162 имале инфекции со Eшерија коли, 40 со бруцелоза.

Иако заболените се од различна етничка припадност, сепак Ромите се најзагрозени бидејќи поради суспстандардните услови за живот немаат можност за одржување на хигиената на храната, немаат пристап до безбедна вода и свежи продукти.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

САД ја тестираа балистичката ракета „Minuteman III“ од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија до Маршалските острови

November 5, 2025

Анџелина Џоли во ненадејна посета на Херсон

November 5, 2025

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.