Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На токсикологија завршиле 30 млади луѓе, под дејство алкохол или дрога

0
By Менче Атанасова Точи on January 1, 2016 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Во текот на прославата на Новогодишната ноќ 30 млади луѓе, повеќето малолетни завршија на Клиниката за токсикологија, во алкохолизирана состојба или под дејство на психоактивни супстанци. Годинава доминираа машките, за разлика од претходните години. Најмлада девојка има само 14 години.

„Главно се работеше за интоксикации со алкохол, додека во три случаи биле со марихуана и со психоактивни супстанци како што се екстази и други разни таблети“, изјави Нестор Поповски директор на Клиниката.

Во Ургентниот хируршки центар при Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедија, реанимација и интензивно лекување во текот на новогодишната ноќ во биле примени 63 пациенти, од кои 12 биле повредени во сообраќајна незгода, а шест во тепачка.

„Едниот пациент е оперативно згрижен, еден повреден е примен на Клиниката за неврохирургија кој е со телесни повреди и еден пациент со посериозни повреди е примен на Клиниката за реанимација и интензивно лекување и е на механичка вентилација. Сите други пациенти се во стабилна општа состојба,“ изјави др.Христијан Костов од Ургентниот хируршки центар.

На Клиниката за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ прегледани 97 пациенти во текот на вчерашниот ден, од кои во попладневните и вечерните часови 43 луѓе. Од нив шест се повредени во сообраќајки, шест се повредени во тепачки, а останатите се со повреди при паѓање.

„Од нив се хоспитализирани тројца, една пациентка е од сообраќајка примена на Одделот за трауматологија со повреди на главата, а вториот случај е пациентка повредена при пад дома со фрактура на бутната коска и еден пациент е со перфориран чир на дванаесетпалачно црево кој не е дел од новогодишните прослави, но е опериран непосредно пред полноќ„, изјави директорката Јасмина Чабуковска.

Годинава новогодишната ноќ, за разлика од претходните години, според Чабуковска во однос на повредите поминала доста мирно.
Во Здравствен дом Скопје преку своите служби за итна медицинска помош и дежурните ноќни пунктови немало посебни проблеми.

„Во текот на новогодишната ноќ имаше вкупно 62 интервенции, од кои осум транспорти на алкохолни интоксикации и едно малолетно лице. Во раните утрински часови имаше сообраќајка со повреда на еден од патниците кој е транспортиран во Ургентниот центар. На осумте дежурни пунктови 135 граѓани побарале медицинска помош. Од овие 135 лица, три лица биле со алкохолни интоксикации, од кои едно лице било малолетно“, изјави Татјана Баевска Вучковиќ директорка на Здравствениот дом Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025

Пленковиќ го осуди инцидентот во Сплит – побара кривично да се гонат одговорните кои ја прекинаa манифестацијата на Србите

November 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.