НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

На зимовање годинава во Бугарија, домашните скијачки центри остануваат затворени

0
By Нова ТВ on November 8, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Одлуката која Владата ја донесе во март за затворање на скијачките центри останува на сила и во текот на зимата. Ова следува по зголемениот број на заразени лица од коронавирус, а епидемиолозите токму зимувањето го гледаат како дополнителен проблем.

Од скијачката федерација на Македонија за НОВА велат дека одлуките на Владата од месец март, повторно се објавени во Службен весник на 4-ти ноември, еден ден по одржувањето на владината седница.

„Ако Владата смета дека треба да се имплементираат нови мерки кои би се презеле навремено, сепак треба сме 10-ти ноември и има време за тоа. Ски центрите самите се подготвуваат за новата сезона, треба да знаат, бидејќи веќе се продаваат и годишни карти за деца, клубови и лица кои сакаат да скијаат. Сега треба да се направи се тоа, а не 5 до 12 да се чека дали ќе се скија или не“, велат од скијачката федерација на Македонија.

Од Владата остануваат на нивниот став и донесената одлука на владината седница. Од таму за НОВА велат дека одлуката е непроменета од март 2020 година, кога првично беше затворен Скијачкиот центар „Заре Лазаревски“ во Маврово.

„Владата на Република Северна Македонија, на седницата, одржана на 03.11.2020 година, донесе одлука за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест covid-19 предизвикана од вирусот sars-cov-2, случаите и временскиот период на нивна примена, при што се наредува и мерката дека се затвораат за посетители – гости зимските скијачки центри“, велат од Владата на РСМ.

ДАЛИ СМЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА СКИЈАЧКИ ЦЕНТРИ СО ПРОТОКОЛИ?

Од скијачката федерација потенцираат дека кај нас инфраструктурата која ја има на ски терените дозволува почитување на пропишаните протоколи.

„Кај нас скијачката инфраструктура го дозволува тоа. Ние немаме гондоли, имаме ски лифтови кои сакал, не сакал мораш да се возиш сам на лифт. Од нас е препораката, дека треба да се внимава околу рестораните и бачилата да има зголемено внимание, но ќе повторам на ски терените со оптимален број на продадени карти во текот на денот може да се постигне да нема редици и скијањето да функционира нормално, без застој“, велат од скијачката федерација.

Додаваат дека ова би се одразило врз туризмот и економијата.

„Да му се помогне на туризмот. Да не го загушуваме целосно до крај. Од многу аспекти бизнисите функционираат и дишат на шкрги, така што ако би се затворило се под клуч, дополнително правиме огромни штети врз туризмот“, додаваат од скијачката федерација.

ОВАА СЕЗОНА НА СКИЈАЊЕ ВО БУГАРИЈА

Додека кај нас се забрануваат, во Бугарија на големо се најавува почетокот на новата сезона. Зимската туристичка сезона ќе започне со зголемени безбедносни мерки, но и таму се реагира на значителен пад на резервациите. Причината е неизвесноста околу КОВИД-19.

Тамошната Влада и Министерството за туризам донесоа и посебни протоколи и мерки за претстојната зимска сезона.

– Маска која ги покрива носот и устата
– Бројот на лица во затворен лифт ќе биде ограничен
– Дезинфекција на кабините во предвиден рок
– Ски-училишта до 10 лица
– Строги правила во рестораните

За влез во Бугарија потребен ви е негативен PCR тест, за што веќе има барање за негово укинување од страна на индустријата и локалните власти. Владата на Бугарија креираше и видео спотови за рекламирање на домашниот пазар во земјите на Балканот и истите се емитуваат на 20 ТВ канали.

Според актуелните цени, за 5 ноќи во Банско, во првата недела од месец декември ќе треба да платите од 67 до 234 евра, во зависност од бројот на ѕвездички на хотелот.

И домашните агенции кај нас веќе нудат арнжмани за зимување во Бугарија, со попуст дури и до 30%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ОН: Од почетокот на војната во Газа над 21.000 палестински деца се здобија со инвалидитет

September 3, 2025

Небезбедни копии на популарните кукли Labubu отстранети од продавници во Британија

September 3, 2025

Еден милион евра и 130 тони хуманитарна помош од ЕУ за Авганистан

September 3, 2025

Судот го одби барањето за поделба на Гугл, но го ограничи ексклузивитетот

September 3, 2025

ОН: САД го намалуваат финансирањето за мировните мисии, на цивилите им се заканува опасност

September 3, 2025
ФОКУС

Варшава: Русија ноќеска изврши бран напади на западот на Украина, Полска крена воени авиони

ВЕСТИ September 3, 2025

Полските и сојузничките авиони денеска беа активирани за да го обезбедат полскиот воздушен простор откако…

Евробарометар: 70 отсто од македонските граѓани подржуваат членство во ЕУ 

September 2, 2025

Кос: На земјите кандидати им требаат лидери кои се подготвени да спроведат реформи, но и да решат билатерални прашања

September 1, 2025

Белград: Студентите во блокада го објавија планот за протестот закажан за утре на 1-ви септември

August 31, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.