Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Началникот на Генералштабот на Армијата на 18. конференција на началниците на Генералштабовите

0
By Marija Todorovska on May 29, 2025 ВЕСТИ, ФЛЕШ ТРИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, вчера учествуваше на 18. конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји (форум „BCHOD“), која се одржа во Истанбул, Република Турција.

Годинашната конференција, која се одржа на тема „Визија за употребата на беспосадни системи во идните оперативни средини“, беше отворена од страна на домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак. 

Генералот во своето обраќање најпрво истакна дека форумот „BCHOD“ претставува успешна приказна за регионална соработка, а тоа треба да ги направи учесниците горди за прикажаните напори во зајакнување на регионалната безбедност преку воената соработка. Навраќајќи се на темата на конференцијата, истакна дека предизвиците од времињата во кои живееме, несигурната и комплексна иднина која се обликува од новите трендови, како беспосадните системи, бараат уште поинтензивна соработка помеѓу вооружените сили. 

Претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, за кого ова е прво појавување на овој форум и негова прва посета на Република Турција, во своето излагање ја нагласи стратегиската вредност на Балканот нагласувајќи: „Овој регион продолжува да биде помеѓу најважните приоритети на НАТО“. При ова генералот Драгоне ги потенцираше придобивките и потребата за континуирана воена соработка помеѓу балканските земји. 

Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, во своето обраќање потенцираше дека се наоѓаме во исклучително важен период, а одлуките кои се носат ќе дефинираат како ќе се развива воената моќ во иднина. Генералот Лафчиски наведе дека Армијата на Република Северна Македонија го препознава значењето на беспосадните системи и активно работи на модернизација и зајакнување на овие капацитети.

Навраќајќи се на важноста на форумот, генералот Лафчиски наведе дека треба да се продолжи со одлучност, заедништво и цврста определба за напредок, бидејќи така ќе се изгради поцврста, понапредна и поотпорна Армија и Алијанса. Во рамки на конференцијата, генералот Лафчиски оствари и билатерални средби и се запозна со капацитетите на одбранбената индустрија на Република Турција.

На конференцијата, покрај домаќинот, началникот на Генералштабот на Република Турција, генерал Метин Ѓурак, началникот на Генералштабот на Армијата генерал- мајор Сашко Лафчиски и претседавачот на Воениот комитет, адмиралот Џузепе Каво Драгоне, учествуваа и началниците на Генералштабовите на армиите на: Грција, генерал Димитриос Чоупис; Србија, генерал Милан Мојсиловиќ; Романија, генерал
Ѓеоргита Влад; Босна и Херцеговина, генерал-полковник Гојко Књежевиќ; Бугарија, адмирал Емил Ефтимов; Албанија, генерал-мајор Арбен Кинџи; Словенија, генерал- потполковник Роберт Главаш, како и началникот на штаб на Црна Гора, полковник Митар Кликови и директорот на Генералштабот на Хрватска, генерал мајор Денис Третињак.

Форумот „BCHOD“ е основан на иницијатива на Грција и Турција во 2006 година. Официјално иницијативата е воспоставена со потпишување на „The Terms of Reference of the Balkan Countries' CHODs Conference on Military Cooperation“ од страна на началниците на Генералштабовите на балканските земји на 10 мај 2007 година во Брисел. Главната цел на оваа иницијатива е промоција на стабилноста, соработката и добрососедството на земјите во регионот.

 

BCHOD балкан воен комитет Генералштаб Истанбул Сашко Лафчиски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.