Националната банка на Грција постигна договор со Европската комисија кој предвидува грчката кредитна институција да се повлече од пазарите во Југоисточна Европа, објави весникот Катерини.
Грчката национална банка е сопственик на 94% од акциите на Стопанска банка во Македонија. Покрај Македонија Национална банка на Грција исто така со овој договр склучен со ЕК се повлекува и од Албанија, Бугарија, Романија и Србија.
Националната банка на Грција постигнала договор со институцијата за конкурентност во рамки на Европската комисија, според кој групата ќе го задржи мнозинското учество во турскиот огранок на „Финансбанк“, но ќе се откаже од поголемиот дел од дејноста во Југоисточна Европа.