По фрлање на пестициди во канал, над 130 луѓе помеѓу кои и деца во југоисточниот дел на Иран се затруени.
Гувернерот на провинцијата Захедан, Абас Али Арџманди наведува дека гасот кој се создал по реакцијата на пестицидите со водата достигнал до воздухот откако работник на приватна компанија фрлил неутврдена количина пестициди во канал, пренесува АП.
Според него не се работи за саботажа, а работникот ги фрлил пестицидте незапознаен за последиците. Тој е уапсен.