Над 20 лица загинаа во вчерашните интензивни борби меѓу украинските сили и проруските сепаратисти во реонот на градот Славјанск во источна Украина, јави „Раша тудеј“.
Портпаролот на проруските сепаратисти, кои моментно го контролаат Славјанск, кој е под опсада на украинските сили, изјави дека во најновите судири загинале 20 припадници на локалните „сили за самодобрана“.
Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека во борбите во Славјанск загинале четворица војници, додека над 30 други се ранети.
Министерството додаде дека има жртви и меѓу цивилното население.