Повеќе од 24 милиони гласачи во САД, околу 10 отсто од вкупниот број гласачи, веќе го дале својот глас благодарение на принципот на антиципативно гласање.
Ваквиот начин на гласање е дозволен во 37 американски држави и дозволува, на два месеци пред денот на изборите, оние кои сакаат тоа да го сторат порано и да го стават своето ливче во кутијата или да го пратат по пошта.
Во 2012 година 32 милиони гласачи го искористиле ова право.
Според агенцијата Асошјетед Прес или на самите држави, најмногу антиципативни гласачи веќе го дале својот глас во Флорида или 28 отсто. По Флорида следат Колорадо, Тенеси, Северна Каролина и Аризона.
Најмалку антиципативни гласачи имало во Мисисипи, Кентаки и Вашингтон односно околу 1 до 2 отсто.