Повеќе од 3 000 Европјани им се придружиле на борците на ИД во Сирија и Ирак, објавува BBC.
Според шефот на анти-терористичката организација при ЕУ, Жил де Кершов, нападите на САД врз терористичката организација, би можеле да стимулираат напади во европските држави.
Коалицијата против Исламската држава предводена од САД изврши над 200 воздушни напади врз Исламистичката држава од Авбгуст наваму.
Британскиот парламент пак во петок ќе гласа за воздушни напади во Ирак.
Де Кершов вели во бројката од 3 000 се вбројуваат и оние кои се вратиле во регионот како и загинатите.
ЦИА проценува дека Исламистичката држава брои околу 31 000 оперативци кои се распоредени во Ирак и Сирија, што е за три пати повеќе од претходните проценки со кои тие располагале.