Над 300 лица, веројатно сириски бегалци, одбиваат да го напуштат крузерот што ги спаси, откако нивниот мал рибарски брод почна да тоне во близина на брегот на Кипар.
Вкупно 345 имигранти, вклучувајќи и 52 деца беа спасени од еден рибарски брод во источниот дел на Средоземно Море и префрлени на крузерот „Саламис Филоксенија“.
Одлуката за евакуација на патниците беше донесена поради влошување на метеоролошките услови, при кои се појавила опасност по животите на луѓето.
Директорот на компанијата на која и припаѓа крузерот, Кикис Василиу, меѓутоа, изјави дека луѓето инсистираат да бидат транспортирани до Италија.
Планирано е имигрантите да бидат сместени во бегалскии камп во близина на Никозија.