Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Над 50 повредени во судири на полицијата и демонстрантите во Перу

0
By Marta Pesevska on January 21, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во главниот град Лима, полицијата употреби солзавец за да ги одбие демонстрантите кои фрлаа шишиња и камења додека гореа пожари на улиците, јавија локалните медиуми.

Во јужниот регион Пуно, околу 1.500 демонстранти нападнаа полициска станица во градот Илаве, а беше запалена и полициска станица во Зепита, изјави министерот за внатрешни работи Висенте Ромеро.

Здравствените власти во Илаве пријавија осум лица хоспитализирани со повреди.

Според извештајот на перуанскиот омбудсман, до доцна попладне во протестите низ целата држава биле повредени 58 лица.

Немирите уследија по еден ден од превирања во четвртокот, кога една од најстарите историски градби во Лима беше изгорена до темел, додека претседателката Дина Болуарте вети дека ќе стане построга кон „вандалите“.

Официјалните лица го опишаа уништувањето на зградата, вила стара речиси век во центарот на Лима, како загуба на „културно наследство“.

Илјадници демонстранти се собраа во Лима оваа недела повикувајќи на промени и огорчени од зголемениот број на жртви од демонстрациите, кои досега се 45.

Протестите го потресоа Перу откако претседателот Педро Кастиљо беше соборен во декември, откако тој се обиде да го распушти законодавниот дом за да спречи гласање за импичмент. До оваа недела немирите беа концентрирани на југот на Перу.

Демонстрантите ги нападнаа и аеродромите во Арекипа, Куско и јужниот град Јулијака. Владата прогласи вонредна состојба во шест региони.

Болуарте ги отфрли повиците за оставка и одржување предвремени избори, повикувајќи на дијалог, истовремено заканувајќи се дека ќе ги казни оние кои се вклучени во немирите.

Извор: МИА

демонстранти немири Перу
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.