Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Надлежните молчат за легалноста на рингишпилот

0
By Сашка Цветковска on April 15, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Никој од надлежните не се јавува во јавноста за да објасни дали рингишпилот кој утрово почна да се поставува на плоштадот во Скопје е дивоградба или не. Обвинувањата стигнаа од невладината организација “Плоштад Слобода” кој тврди дека во деталниот урбанистички план (ДУП) рингишпилот не постои и бараат од новиот градоначалник да на општина Центар да го дислоцира рингишпилот.

“Во последната верзија на ДУП-от на Мал Ринг рингишпилот го нема никаде. Ниту како привремен објект. Очигледно се работи за дивоградба.

-Очекуваме Жерновски да не дозволи продолжување на сулудиот проект СК2014 и да го отстрани рингишпилот што поскоро. Во овој случај не може да има „повредени“ национални чувства, непочитување на идентитетот и слични небулозни обвинувања од непостоечки организации на поддржувачи на СК2014. Ова е дивоградба и таа мора да се отстрани”, пишува во реакцијата на “Плоштад Слобода”.

Од Град Скопје кои го иницираа проектот и со дополнителни субвенции учествуваа во финансирањето на рингишпилот, велат дека не можат да одговорат дали проектот го има или го нема во ДУП-от.

“Урбанистичкиот план го носи општина Центар, ама рингишпилот го поставува ЈП “Паркови и зеленило”, ние немаме врска со тоа”, кусо за Нова изјави портпаролот на Град Скопје Неделчо Крстевски.

Баравме одговори и од ЈП Паркови и зеленило, претпријатието кое го поставува рингишпилот, а кое е под надлежност на град Скопје. Оттаму успеавме да ја добиеме само секретарката на директорот која ни рече дека никој друг освен директорот не смее да разговара со новинари бидејќи немаат портпарол.

“Директорот е многу зафатен, на состаноци е надвор, нема да се врати на работа денес, пробајте утре. Освен него нема никој друг во претпријатието кој може да ви даде одговор”, ни рече секретарката.

Недостапен е и идниот градоначалник на општина Центар Андреј Жерновски за да одговори на повикот на “Плоштад Слобода” кои од него бараат да го дислоцира рингишпилот.

Вредноста на Рингишпилот е 160 илјади евра. Најавен беше во Октомври 2012, а го изработи италијанска фирма. Се финансираше од буџетот на Град Скопје.

На овој линк погледнете го деталниот урбанистички план на “Мал Ринг”.

Во видето погледнете ги снимките од рингишпилот и реакциите на граѓаните.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.