Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нафтени дамки, прв знак за исчезнатиот малезиски авион

0
By Нова ТВ on March 8, 2014 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Нафтени дамки се забележана во близина на морскиот брег во крајниот јужен дел на Виетнам, за кои се претпоставува дека се првиот знак од исчезнатиот малезиски патнички авион, соопштија властите во Виетнам.

.Дамките се со должина од 15километри и тие потсетуваат на дамки кои останале од гориво на урнат авион.

Малезискиот премиер Наџиб Разак изјави претходно денеска дека нема ниту трага од авионот кој исчезна со 227 патници и 12 членови на екипажот над Јужното кинеско море.

Тој истакна дека операциите за пронаоѓање на исчезнатиот авион меѓу Малезија и јужниот брег на Виетнам се интензивирани.

Се уште не се утврдени координатите на денеска исчезнатиот „Боинг 777, со 239 лица на него, а кој леташе од Куала Лумпур до Пекинг, соопшти сопственикот на авионот, малезиската компанија „Малезија ерлајнс“.

– Се обидуваме да го лоцираме авионот врз основа на познатите податоци за неговата последна местоположба. Работата се води во соработка со меѓународна спасувачка група, се вели во соопштението на авиокомпанијата. Во него, уште се наведува дека тие не добиле тревога дека авионот е во некаков проблем.
Витенамското воздухопловство дамките ги заблежале на 250 километри од островот Тхо Чу. Тоа е истиот остров за кој адмиралот Нго Ван Фат изјави дека авионот се урнал во малезиските води, на 153 милји одовој остров, но подоцна се огласи и рече дека бил погрешно цитиран.

На интернет страницата на авиокомпанијата „Малезија ерлајнс“ беше соопштено дека на списокот на патници биле 153 Кинези, меѓу кои и едно бебе, како и 38 Малезијци, 12 Индонезијци, седумина Австралијанци, четворица Американци, од кои едно бебе, тројца Французи, по двајца од Нов Зеланд, Канада и Украина и по еден државјанин на Русија, Италија, Тајван, Холандија и Австрија. Пилотот и копилотот се Малезијци со долг стаж.
Роднините на настраданите патници се гневни и ја нападнаа компанијата пред новинарите собрани во хотел во Пекинг каде беа однесени од страна на авиокомпанијата.

„Требаа нешто да ни кажат досега“, вели еден видно вознемирен маж на 30-ина години.

Друг маж додава:

„Тие се бескорисни. Не знам зошто не даваат некоја информација. Чекавме четири часа и ни дадоа само неколку детали, кои беа соопштени и на прес-конференција“. Обидувајќи се да ги запре солзите, 20-годишна девојка вели дека чекала колега од факултет и дека на неговото семејство се уште не му е соопштено дека и тој бил во авионот.

„Во моментов немаме информации за остатоци во морето. Можам да потврдам дека не сме го лоцирале авионот“, изјави Хусеин.

Тој побара детали за овој случај од Виетнам. Контолирите на летање загубиле врска со авионот рано утрово во Јужното Кинеско Море, во кое се граничат повеќе држави. Авионот летал од Куала Лумпур до Пекинг, а во моментот на губење на контролата.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.