Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нагло зголемена продажба на уредите за пушка од масакрот во Лас Вегас

0
By Нова ТВ on October 6, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Националната асоцијација за оружје (НРА) повика на “дополнителни регулативи” за уредот што го користеше масовниот убиец во Лас Вегас.

Се работи за уреди со кои полуавтоматските пушки се претвораат во целопсно автоматско оружјеза кои оваа асоцијација бара да бидат предмет на дополнителни регулативи.

Републиканците велат дека ќе размислат за евентуална забрана на уредите, иако со  години се противат на зајакнување на контролата на оружјето.

Конгресмените планираат да наскоро да одржат сослушување и да ја разгледаат законската можност за забрана на уредот.

НРА вчера побара од регулаторите “веднаш да проверат дали овие уреди се во согласност со федералниот закон”.

-Како последица на злиот и бесмислен напад во Лас Вегас, американскиот народ бара одговори за тоа како може да се спречат идните трагедии, напишаа првите луѓе на Асоцијацијата, Вејн Лапиер и Крис Кокс.

 

Тие ги критикуваа политичарите кои повикуваат на контрола на оружјето, истакнувајќи дека “забраната на оружје за сите оние Американци што ги почитуваат закони само заради едно кривично дело сторено од луд човек нема да придонесат ништо за да ги спречат идните напади”.

Во соопштението, прво од организацијата по нападот во неделата во Лас Вегас, во кој загинаа 58 лица, а речиси 500 беа повредени, се истакнува дека ваквите уреди се одобрени од Бирото за алкохол, цигари и огнено оружје на администрацијата на Обама.

Портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс, која разговараше со новинарите кусо по изјавата на НРА, рече:

-Ние сме отворени да го спроведеме тоа, но сакаме да бидеме дел од тој разговор во наредните денови и недели.

Во истата изјава НРА го повика Конгресот да го усвои својот долгогодишен предлог за проширување на  правата за поседување оружје на национално ниво, т.н. реципроцитет на правото за носење оружје.

Поточно, лоби групата сака сопственици на оружје со дозвола од една држава да може да го пренесат своето оружје во која било друга американска држава, дури и ако има построги ограничувања за поседување.

Предлог-законот за забрана на уредите за полуавтоматско оружје беше поднесен во Сенатот на САД во средата од страна на демократката од Калифорнија, Дајан Фајнстајн.

Републиканската верзија на предлог-законот може да биде поднесена за дебата уште во четврток, изјави за новинарите републиканецот оид Флорида Карлос Крибело.

Уредите, исто така познати како адаптери за автоматски оган, им овозможуваат на полуавтоматските пушки да пукаат со голема брзина, слично како автоматското оружје.

Тие можат да се добијат без дополнителни детални проверки потребни за автоматско оружје.

Стефан Падок, напаѓачот во Лас Вегас, вакви уреди имал на 12. пушки што биле користени во неговиот напад.

Тие вообичаено чинат помалку од 200 долари и овозможуваат за седум секунди да бидат испукани речиси 100 куршуми со голема брзина.

Еден од најпопуларните производители на ваквите уреди, Slide Fire, изјави дека биле распродадени “поради невообичаено големата побарувачка“, по нападот во Лас Вегас.

 

Лас Вегас НРА регулативи САД убиец уреди за полуавтоматски пушки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.