Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Награда за најдобра режија за Вардан Тозија на фестивал во Бразил, неговиот филм „М“ награден и во САД

0
By Ана Василевска on May 10, 2024 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Режисерот Вардан Тозија за филмот „М“ ја освои главната награда за најдобра режија во интернационална конкуренција на 20-тиот фестивал „Фантаспоа“ (Fantaspoa) кој се одржа во Порто Алегре во Бразил. Тозија за овој филм доби награда и на годинашниот фестивал во Хјустон, САД.

Бразилскиот „Фантаспоа“  е најголем жанровски филмски фестивал во Јужна Америка и единствен од тој континент што е дел од престижната Мелиес – Европска филмска федерација на фантастични филмови, организација која ги обединува најзначајните 22 жанровски филмски фестивали во светот.

-Силвија Каминер, членка на интернационалното жири на „Фантаспоа“, го опиша филмот „М“ како „прекрасна и прогонувачка приказна. Тозија внесува нов живот во зомби жанрот, преку чудесен визуелен израз и исклучителна актерска изведба на двете мали ѕвезди, соопшти ПР-от на Тозија.

Филмот „М“ бил дел од интернационалната селекција на фестивалот, составена од 24 филмови од целиот свет, во најголем дел со свои светски и континентални премиери. По успехот на овој македонски филм, се очекува широка дистрибуција низ земјите на Јужна Америка.

Покрај успехот на фестивалот во Бразил, „М“ неодамна,  во конкуренција од над 4000 филмови, добил награда „Златно Реми“ на годинашниот фестивал во Хјустон – World Fest Houston International Film Festival, еден од најстарите во САД.

-Фестивалот во Хјустон низ својата петдецениска историја промовирал голем број прославени филмски имиња на американската и меѓународната сцена. Во последните години фестивалот има ревијален карактер, при што доделува бројни награди во десет одделни категории во рамките на светската кинематографија, се наведува во соопштението.

„М“ е втор долгометражен филм на Вардар Тозија и е во продукција на „Фокус покус филмс“. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм и е копродукција меѓу нашата земја, Хрватска, Косово и Франција.

Вардан Тозија Македонски филмови
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.