Министерството за култура соопшти дека Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“ донел одлука за доделување на државната награда „23 Октомври“ за 2025 година.
Добитници на наградата во областа на културата и уметноста за 2025 година се актерот Гоце Тодоровски, писателот за деца и возрасни Александар Кујунџиски, поетот, романсиер, драмски писател и новинар Братислав Ташковски и писателот академик Божин Павловски.
Наградата се доделува за долгогодишни остварувања во областа на науката, културата, образованието, заштитата на државните интереси и промоцијата на државните приоритети, вредности и културно-историското наследство од јавен интерес на Република Северна Македонија.
Свеченото врачување на наградите ќе се одржи на 23 октомври во 12 часот, во Собранието.