Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најчесто поставувани прашања од изборните набљудувачи на ЦИВИЛ

0
By Marija Todorovska on April 2, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Веднаш по повикот за пријавување на изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, пристигнаа и првите апликации, но и бројни прашања од заинтересираните низ целата земја. Во овој прилог, одговараме на повеќето од тие прашања. Останатите прашања ќе бидат одговорени во текот на наредните денови.

Кога е крајниот рок за пријавување за набљудувачи? 

Во тек е повик за изборни набљудувачи на претседателските и парламентарните избори 2024, со краен рок за аплицирање до 8 април, 20 часот.

На кој начин можеме да се пријавиме за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Пријавувањето е преку онлајн АПЛИКАЦИЈА.

Кој има право да се пријави на повикот за изборни набљудувачи на ЦИВИЛ?

Сите полнолетни граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија имаат право да бидат изборни набљудувачи на ЦИВИЛ, со исклучок на претходно активно вклучени лица во изборниот процес. Членови на тимови на меѓународни или домашни набљудувачки мисии, партиски функционери и активисти вклучени во изборната кампања, кандидати на изборите и членови на телата на Државната изборна комисија (членови на ДИК, ОИК, избирачки одбори и слично) немаат право на учество на овој повик.

Сакам да аплицирам како преведувач во странска набљудувачка мисија. Дали може да бидам набљудувач и на ЦИВИЛ? 

Одговорот е: НЕ. Тоа не е дозволено и се смета за судир на интереси.

Дали ќе имам време за пауза за време на набљудувањето?

ДА, СЕ РАЗБИРА. Секој од набљудувачите ќе има време за одмор. Сепак, обврска е цело време да бидете достапни.

Дали моите сознанија од теренот, додека набљудувам, можам да ги споделам на моите профили на социјалните мрежи? 

Одговорот е: НЕ. Податоците што ги прибирате се исклучиво за потребите на мониторингот на ЦИВИЛ, за што ќе бидете обврзани и со договор.

Аплицирав за набљудувач на изборите во една друга институција. Дали имам право да аплицирам и во ЦИВИЛ?

ДА. Можете да аплицирате каде сакате, но ако добиете позитивен одговор од две места, ќе морате да се одлучите само за една позиција, а другата страна да ја информирате дека се повлекувате.

Кога ќе се одржат семинарите за обука на изборните набљудувачи?

Точните датуми за обука на набљудувачите сѐ уште не се прецизиран, но сигурно ќе се одржат за време на викенд. Обуките траат по 4 часа.

Јас бев набљудувач на изборите на ЦИВИЛ на претходните, предвремени парламентарни избори? Дали треба да посетувам обука?

Да. Обуките се задолжителни за сите избрани набљудувачи, без оглед на тоа дали биле набљудувачи на ЦИВИЛ и во некој од претходните изборни циклуси, дури и да се работело за претходни претседателски или парламентарни избори.

Образложението за ова е едноставно. Има измени во изборната легислатива, но и унапредување на методологиите на ЦИВИЛ.

Уште една причина за учество е и податокот дека на обуките ќе бидат потпишани и договорите за ангажман, како и познатата Повелба на набљудувачите на ЦИВИЛ, со која се обврзуваат на мобилност, посветеност и непристрасност.

Колку време трае ангажманот на краткорочните набљудувачи?

Краткорочните набљудувачи се активираат на почетокот на изборниот молк, но главните активности се на денот на гласањето. Од нив може да се побара да бидат активни и еден ден по гласањето. Во секој случај, ЦИВИЛ апелира до сите свои набљудувачи, но и членови и поддржувачи кои нема да се активираат како набљудувачи, да ѝ помогнат на својата организација да доаѓа до што е можно повеќе информации и извештаи од теренот.

Дали секој од набљудувачите ќе добие едно избирачко место за набљудување?

НЕ. Сите набљудувачи на ЦИВИЛ се мобилни, односно дека секој набљудувач има обврска да покрие во просек десет избирачки места.

Дали на денот на гласањето ќе можам да гласам?

ДА. Имено, ЦИВИЛ го промовира правото на глас како едно од фундаменталните човекови права и препорачува тоа секогаш да се искористи, без исклучок. Секој набљудувач ќе добие време во текот на денот на гласањето да го искористи своето право на глас.

Кој одлучува по апликациите?

Апликациите ги разгледува тричлена комисија при Координативниот тим на ЦИВИЛ.

Дали податоците што ги внесуваме во апликацијата се јавни?

НЕ. Тие се чуваат во најстрога тајност.

Јас немам компјутер, како да аплицирам?

Аплицирањето е лесно. Тоа можете да го направите и од мобилен телефон. Пополнувањето на апликацијата трае само неколку минути.

Би сакала редовно да се информирам за активностите на организацијата. Како?

Ништо полесно од тоа. Следете нѐ на Фејсбук, Х (поранешен Твитер) и Инстаграм.

Како да ве контактирам?

Доколку имате прашања и сугестии, не се двоумете да се јавите на 02 / 520 91 76, секој ден од 10 до 14 часот или напишете порака на нашата ФБ страница или мејл: civil@civil.org.mk.

ЦИВИЛ Тим за комуникации

ПОВРЗАНО

Избори 2024 набљудувачи ЦИВИЛ Медиа
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
ФОКУС

Поранешниот министер за одбрана побегнал од Украина – Умеров не се вратил од патувањето во САД поради корупциски скандал

ВЕСТИ November 18, 2025

Секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина и поранешен министер за одбрана,…

Милано: Обвинителството во ја проширува истрагата „Сараево Сафари“

November 17, 2025

Брисел: Албанија утре го отвора последниот кластер во преговорите со ЕУ

November 16, 2025

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

November 15, 2025
ТИКЕР

Спречен обид за атентат врз шефот на руската безбедност

November 18, 2025

Крај на евтините нарачки за европските граѓани: ЕУ подготвува укинување на правилото што ги штитеше Тему и Шеин од царини

November 18, 2025

ФИФА пас -Трамп и Инфантино објавија постапка која ќе им олесни на фановите за Светското првенство

November 18, 2025

Ле Монд: „Игра на престоли“ во Брисел – Фон дер Лајен и Калас во борба за контрола на европската дипломатија

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН одобри резолуција за мировниот план на Трамп за Газа

November 18, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.