Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најголемото европско пристаниште се подготвува за потенцијален конфликт со Русија

0
By Marija Todorovska on July 8, 2025 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: Freepik
Фото: Freepik
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најголемото европско пристаниште, холандскиот Ротердам, започна подготовки за можен вооружен конфликт со Русија, објави весникот Фајненшл Тајмс (ФТ). Подготовките вклучуваат резервирање терминали за воени бродови и опрема, како и изработка на планови за пренасочување на цивилен товар во случај на воена криза.

Извршниот директор на управата на ротердамското пристаниште, Боудевејн Симонс, изјави дека е во тек координација со Антверпен во соседна Белгија за управување со ситуацијата во случај на пристигнување на британски, американски и канадски возила и опрема.

Не секој терминал е погоден за прием на воен товар. Ако се појави потреба за голема количина воена опрема, би барале Антверпен или други пристаништа да преземат дел од капацитетот, и обратно. Помалку се гледаме како конкуренција, а повеќе како партнери, изјави Симонс.

Овие активности се дел од пошироки напори за зајакнување на одбранбената подготвеност на Европа. Европската Унија работи на план за повторно вооружување вреден до 800 милијарди евра, како одговор на повиците од американскиот претседател Доналд Трамп и заканите од можна руска агресија.

Холандија, заедно со НАТО-сојузниците, се обврза да ги зголеми буџетските средства за одбрана до 5 проценти од БДП. Во мај, холандското Министерство за одбрана соопшти дека Ротердам ќе мора да обезбеди дополнителен простор за прием на воени бродови по барање на НАТО.

Симонс објасни дека некои бродови би останале закотвени со недели, неколку пати годишно, додека ротердамскиот контејнерски терминал е единственото место каде што може безбедно да се претовара муниција од еден брод на друг. Покрај тоа, неколку пати годишно ќе се одржуваат и амфибиски воени вежби.

Иако Ротердам и претходно примал воен товар, како за време на Ирачката војна во 2003 година, дури ни за време на Студената војна не постоело посебно пристаниште за оружје и воена опрема. Антверпен, пак, редовно прима пратки за американските трупи стационирани во Европа.

Ротердамското пристаниште се протега на 42 километри долж реката Мас, со годишен товарен промет од околу 436 милиони тони. Пристаништето прима околу 28.000 бродови по море и 91.000 по внатрешни речни патишта од Германија и други делови на Европа. По санкциите против Русија, пристаништето изгуби околу 8 проценти од товарниот сообраќај, главно нафта.

Антверпен, со годишен промет од 240 милиони тони, е второто најголемо пристаниште во Европската Унија.

Според Симонс, двете пристаништа тесно соработуваат на зголемување на европската отпорност. – Нашите тимови сѐ повеќе соработуваат, вклучително и во областа на стратешка отпорност, потенцира директорот.  Пандемијата на Ковид-19 ја покажа зависноста на Европа од ограничен број снабдувачи како Кина и Индија, додека наглото намалување на протокот на руска нафта по инвазијата на Украина беше уште една поука, посочува весникот.

Симонс повика на создавање залихи од клучни суровини како бакар, литиум и графит, слично на залихите на нафта кои ЕУ ги регулира со обврска за складирање за 90 дена, воведена по нафтениот шок од 1973 година.

Треба да гледаме пошироко на поимот стратешка отпорност, особено сега кога светот станува сѐ понестабилен, изјави Симонс.

Тој додаде дека зоните околу пристаништата, со добри дистрибутивни мрежи, се идеални за складирање стратешки резерви. Дел од холандските нафтени резерви веќе се чуваат во Ротердам.

ЕУ утре треба да ја претстави својата „стратегија за складирање“, која ќе опфати медицински материјали, клучни суровини, енергетска опрема, засолништа, а потенцијално и храна и вода.

ЕУ Ротердам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.