Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најлесно е мајка во Холандија, најтешко во Македонија

0
By Сашка Цветковска on March 7, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

По повод Меѓународниот ден на жената на 8 Март, Kанцеларијата за статистика на Европската Унија “Еуростат”објавува избор на податоците за жените во вработувањето и усогласување на работата и семејниот живот.

Според статистиката на Еуростат, најлесно е да се биде мајка и вработен во исто време во Холандија поради фактот дека процентуално речиси сите мајки работат со скратено работно време. А ако се гледаат овие параметри, најтешко е во Македонија која од сите европски земји има најмал процент на мајки кои работат со скратено или флексибилно работно време.

Дури 81 проценти од жените во Холандија кои имаат едно дете помладо од 6 години работата со скратено работно време или вообичаено по три дена во неделата. Вака работи и висок 91 процент од жените кои имаат три или повеќе деца. Втора е Австрија со 60% за оние со едно и 69% за оние со по три и повеќе деца.

Македонија е на дното на листата каде бројот на мајки со едно дете кои можат да работат со скратено работно време изнесува 4.4 проценти и 3.1 процент на жените со по три и повеќе деца.

Највисок процент на жени менаџери има во Латвија (45%), Унгарија (41%) и Франција(40%), а најнизок во Кипар (15%), Грција (23%) и Малта (24%).

Жените доминираат во професијата наставник или 85 проценти од наставниците во основното образование се жени. Овој процент е највисок во Чешка и Словенија (и во двете 97%), додека во високото образование се помалку застапени, а бројот на жени професори и истражувачи опаѓа.

Во 2011 процентот на жени во академското образование е 40 проценти. Највисоките проценти има во Латвија (59%), Литванија (55%) и Финска (50%), а најниско е учеството во Малта (30%). Во Македонија процентот на жени во високото образование изнесува 47 проценти.

Балтичките земји водат и во застапеноста на жени доктори, иако бројот е во опаѓање. Во 2010 година 45% од лекарите во ЕУ земјите се жени, во споредба со 38% во 2001 година.

Највисоко е учеството во Естонија и Латвија (и во двете со 74%), Литванија (70%) и Романија (69%), а најниска во Луксембург (30% во 2011 година). Во Македонија учеството е 59%.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
ФОКУС

Почна пријавувањето за вакцинација против сезонски грип

ВЕСТИ October 7, 2025

Министерството за здравство соопшти дека од денеска почнува пријавувањето за бесплатна вакцинација против сезонски грип…

Скопје: Утре во хотел „Континентал“ почнува тридневната меѓународна конференција за одбрана на демократијата

October 7, 2025

„Израел Хајом“: Тајниот план на Тони Блер за Газа

October 7, 2025

По убиството во Албанија македонските судии апелираат да се внимава на коментарите за судството

October 7, 2025
ТИКЕР

Владата на Сирија постигнаа договор со Курдите за „сеопфатно примирје“

October 7, 2025

Ердоган: Турција ги презема првите чекори кон заедничка азбука за земјите што зборуваат турски јазик

October 7, 2025

Продолжува потрагата по хрватските планинари заробени од лавина на словенечките Алпи

October 7, 2025

По депортацијата од Израел, Грета Тунберг во Атина пречекана со овации

October 7, 2025

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.