Бомбашкиот напад во населбата Хазара, во близина на пакистанскиот град Квета, го одзеде животот на најмалку 47 лица и повреди повеќе од 200, соопшти полицијата, цитирана од светските агенции.
Експлозивната направа, што била активирана од далечина, била ставена на мотоцикл.
Повеќето од загинатите се шиити.
Градот Квета е административен центар на провинцијата Белуџистан, еден од најнемирните реони во Пакистан. Освен сепаратистички групи тука се активни, исто така, и борци на Ал Каеда и на пакистанските талибанци
Засега никој не ја презеде одговорноста за денешниот бомбашк напад