Во серија на бомби, пукања и експлозии на автомобил бомби во Багдад, денеска загинаа најмалку 50 лица, а околу 150 се повредени, за време на одбележувањето на десетгодишнината од коалициската инвазија, со која беше срушен режимот на Садам Хусеин.
Цели на нападите биле делови на градот во кој живеат претежно шиити.
Сунитските исламистички радикали, поврзани со Ал Каеда, годинава ги зајакнаа нападите со цел да поттикнат меѓурелигиско насилство и ја поткопаат шиитската влада на Нури ал Малики.