Најмалку осум лица биле прегазени од воз во Индија додека се обидувале да побегнат од друг воз, во кој сметале дека избувнал пожар, објавија индиските медиуми, пренесува МИА.
Трагедијата се случила на железничката станица Готлам во државата Андра Прадеш. Голем број патници се повредени, но точната бројка засега не е соопштена.
Во еден од вагоните на возот, кој се движел на релација од Алепеј кон Дханбад, патниците наслушнале дека има пожар и ја повлекле безбедносната сопирачка. Кога возот застанал тие започнале да скокаат во паника директно на соседната пруга, каде биле прегазени од возот кој доаѓал од спротивниот правец.
Според официјални податоци минатата година околу 15.000 лица загинале во Индија само при обид да поминат преку железничките пруги