Најмалку пет луѓе загинале, а илјадници останале без своите домови откако циклонот „Јас“ го погоди источниот брег на Индија.
Циклонот бил пропратен со високи бранови и ветер со брзина од 155 километри на час.
Индиските власти наредија евакуација на околу половина милион луѓе пред налетот на циклонот „Јас“ во Бенгалски Залив, во индиските држави Источен Бенгал и Одиша.
Најмалку 155 луѓе загинаа минатата недела во налет на циклонот Тауктае во западниот дел на Индија.