Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Најмалото досега предвреме родено бебе ја доби битката за живот

0
By Менче Атанасова Точи on June 14, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најмалото предвеме родено бебе во земјава успеа да се избори за живот. Тој ја напушти Клиниката за гинекологија и акушерство каде четири месеци за него се грижеше стручен тим.  Малиот Бетим е роден во февруари годинава, во 23 гестациска недела(5,5 месеци) со  тежина од само 700 грама и 31 сантиметар.

 

 

 

 

 

 

 

Бетим е првото предвреме родено бебе што преживеало, а е родено  17. недели порано.

„Ова е најмалото предвремено родено бебе кое успеало да преживее во Македонија. Четири месеци престојуваше на Одделот за интензивна нега, од кои 2,5 месеци беше на апарат за дишење и си заминува жив и здрав со тежина од 2.450 грама. Борбата траеше долго. Интересно е што денеска кога го испраќаме Бетим дома, тој всушност требаше да се роди “, изјави д-р Лилјана Којиќ  од Клиниката за гинекологија.

„БЕТИМ нашиот принц порасна! Една од на нашите големи љубови на ГАК денес си замина дома. Благодариме за сите боцкања, за сите фластери по раце, за сите цревца, за сите галења, за сите зборови, за сите песни, за сите надежи и енергија таму збрана уште еднаш најголемо од најголемите честитки и благодарност од целиот колектив на ГАК“, пишува на Фејсбук профилот на Клиниката за гинекологија.

Мината недела, од Клиниката за детски болести каде што на одделот за интензивна нега пресојуваат предвремено родени бебиња, дома беше испратено бебе родено во 27 недела со родилна тежина од само 500 грама.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Шесткатница се урна во Турција – седум лица е под урнатините

October 29, 2025

Загинаа сите патници по падот на авионот на кениската компанијата „Момбаса Ер Сафари“

October 28, 2025

October 28, 2025

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.