Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намерно се намалувал бројот на Албанците на пописот?

0
By Нова ТВ on May 31, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пописот во 2011 година пропадна поради тенденциите за намалување на бројот на Албанците во Македонија, изјави академик Абдулменаф Беџети во емисијата „Патот кон“ на Алсат.

Тоа била клучната причина поради која Беџети поднел оставка од функцијата потпретседател на Државната пописна комисија.

-Првата критична точка беше намалувањето на цензусот во градот Скопје. Со одредбите што ги предвидовме со Правилникот и начинот на реализирање, Скопје не би имало веќе 20,8% Албанци, колку што имаше со пописот од 2002-ра.

Прва опасност беше цензусот во Скопје да падне под 20%, а знаеме дека не е така, бидејќи Државниот Завод за Статистика секоја година известува колку е природниот прираст на населението, изјави Беџети.

Според Беџети, ако пописот бил реален, според трендот на наталитетот и морталитетот во албанските општини, процентот на Албанци во Скопје би требало да биде околу 24.

Покрај тенденцијата за намалување на цензусот во Скопје, со таков Правилник за пописот, ќе се намалел и вкупниот број на Албанците во Македонија- вели Беџети.

-Секако дека се загрозуваше одреден број на населението, врз основа на определбата со пописот да не се опфати една група од населението која е сигнификантна за Македонија.

Станува збор за 150 до 200 илјади Албанци кои според статистиката живеат тука. Во Македонија имаат место на живеење, но привремено работат во странство. И замислете оваа бројка да не се прифатеше да биде дел од вкупното население – колкава би била бројката на албанската етничка заедница на државно ниво, образложи Беџети.

Беџети рече дека било невозможно овие тенденции да се контролираат од Албанците, бидејќи ниту еден претставник-Албанец немал пристап до електронскиот систем за обработка на податоците.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
ФОКУС

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

ВЕСТИ October 4, 2025

Наместо правда и целосна одговорност сведоци сме на пропусти и прикривање. Правдата важи само за…

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025

Откако Хамас се согласи да ослободи заложнициТрамп го повика Израел веднаш да запре со бомбардирањето на Газа

October 4, 2025
ТИКЕР

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025

Делови од Бугарија погодени од поплави, прогласена вонредна состојба во повеќе региони, 80 населени места без струја

October 4, 2025

Белградски медиуми: Македонец е најверојатно загинатиот во експлозија во стан во Белград додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација на дилер на дрога

October 3, 2025

Во Тирана открена најголемата мрежа за проституција во Албанија

October 3, 2025

Пропалестинските протести во Швајцарија – солзавец, водени топови, повредени

October 3, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.