Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо да се потрудеше за да се гордее Македонија вечерва се избрука пред Европа

0
By Zoran Ivanov on July 20, 2025 ИЗБОР, ОПШТЕСТВО, СПОРТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Зошто организаторите и надлежните ниту еден најавен прес не одржаа и зошто медиумите не беа мотивирани настанот да го афирмираат се прашања кои јавноста овдешна ги заслужува зашто ова не е можно негативно да не одекне кај земјите кои овде во Македонија ги испратија своите деца да спортуваат, да се натпреваруваат, да се запознаваат и да другаруваат.

Зоран Иванов

Почна EYOF 2025 – Европски младински олимписки фестивал со учество на над 4.000 учесници, ученици меѓу 14 и 18 години.
Девојчиња и дечиња наши гостинчиња, млади спортистки и спортистии од речиси сите европски држави.
Младинско олимпискио дефиле на земјите учеснички ама салата Јане Сандански“ во Скопје, празна.
Празна. Без публика.
Организаторите ја нагрбиле само Претседателката на Република Северна Македонија, госпоѓа Гордана Сиљановска Давкова да им аплаудира на децата учесници во дефилето.
Ако добро забележаа камерите на МТВ која, патем, настанот го премолчи се до вчера кога само скромно со вест го најави, ја оставија само Сиљановска на празните трибини да го бели образот македонски домаќински која, верувам, во еден таков организаторско лузерски амбиент, се чувствуваше ептен непријатно.
И сега се чекаат одговорите за тоа кој и зошто го молчеше и го премолчуваше, практично го прикриваше досега најголемиот по број на учесници меѓународен настан одржан во независна Македонија.
И зошто организаторите и надлежните институции домаќини и посебно зошто и од кои причини, од немање сенс ли или од некои и некакви политички мотиви, спортските редакции и спортските новинари го игнорираа се до денеска до денот на „олимпискиот почеток“.
Зошто организаторите и надлежните ниту еден најавен прес не одржаа и зошто медиумите не беа мотивирани настанот да го афирмираат се прашања кои јавноста овдешна ги заслужува зашто ова не е можно негативно да не одекне кај земјите кои овде во Македонија ги испратија своите деца да спортуваат, да се натпреваруваат, да се запознаваат и да другаруваат.
Кој и од медиумите, од бројните спортски и информативни редакции ја утнаа темата освен Радио Бубамара кој беше единствениот медиум кој месец и повеќе наназад го најавуваше овој еден од најзначајните имладински и спортски и меѓународни настани во земјава.
Македонија еве пак ја утна работата. Со мотив или од аљкавост, го изигнорира најкрупниот, најмасовниот меѓународен спортски и воопшто меѓународен настан во Независна Македонија.
Непријатност зрачеше од речиси празните трибини во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
Ова генерација ја испушти шансата да го репризира домаќинлукот по примерот на крупните спортски меѓународни настани кога Скопје, во времето на СФРЈ, беше домаќин на
Светското првенство во Хокеј на мраз категорија „Ц“ и на Шаховската олимпијада.
Но се случи оваа вечер во која некој или некои, со ваков или со онаков мотив, го бојкотораше или го бојкотираа Европскиот младински олимписки фестивал.
Всушност, ја бојкотираше или ја бојкотираа Македонија.

 

 

 

 

 

Зоран Иванов зошто
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
ФОКУС

Локални избори 2025: Од денеска, 29-ти септември, до 17-ти октомври на полноќ, ќе трае законската изборната кампања

ВЕСТИ September 29, 2025

Локалните избори закажани за 19 октомври ќе бидат осми од независноста на државата, а четврти…

Кијив: Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад

September 28, 2025

Филипче: Чесноста и интегритетот на кандидатите на СДСМ ја прават разликата со ВМРО-ДПМНЕ, денес стоиме со јасна порака, ова е момент на нов почеток

September 28, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“: Или одговори или радикализација

September 27, 2025
ТИКЕР

Политичката криза во Србија утре на дневен ред на ПССЕ: Студентските протести во фокусот

September 30, 2025

Иранската ТВ им ги цензурираше колената на финската и шведската министерка

September 29, 2025

Рама за „Јехона политике”: Косово доброволно стана заложник на Србија

September 29, 2025

Собири против блокадите и контра собири се одржаа низ Србија

September 28, 2025

Времено затворен Октоберфест – не ги собира сите заинтересирани

September 28, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.