Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Наместо замрзнати цени, Владата ќе ги ограничи профитните маржи за производите од увоз

0
By Biljana on February 16, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Владата се уште анализира дали ќе продолжи мерката за замарзнување на цените на основните прехранбени продукти.

Веќе се при крај сите анализи што ги врши Секторот за трговија во склоп на Министерството за економија во соработка со другите економски ресори во Владата за евентуално продолжување на мерката за замрзнување на цените на основните прехранбени продукти што важат до крајот на месецов, порача денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

„Оваа и наредната недела ќе имаме директни средби со сите засегнати страни, посебно со производителите и трговците со прехранбените производи кои се наведени во одлуката за замрзнување за да најдеме начин да нема зголемување на цените. Најверојатно ќе се оди со дефинирање на одредени маржи во трговијата на мало и на големо. Во делот на производите што ги произведуваме дома ќе може да се интервенира со замрзнување на цените, но забележавме дека генерално има поголемо зголемување на цените на тие производи кои се увезуваат во нашата држава и затоа најверојатно ќе се оди со опцијата на ограничување на трговската маржа“, потенцира Бектеши во одговор на новинарско прашање.

Нагласи дека сме можеби единствената држава, посебно во регионот, која во време на пандемијата донесе вакви одлуки за замрзнување на цените, а сега и повторуваме одредени одлуки. Ова наше искуство, потенцира, го преземаат и други држави од регионот.

„Ако се вратиме назад во времето кога беше објавено дека целосно ќе има затворање на одредени сектори ние такви одлуки носевме како Влада, дополнително имавме и други начини и можности како да им помогнеме на граѓаните со цел да ја подигнеме потрошувачката и да влијаеме на намалување на нивните трошоци и да не влијаеме негативно на животниот стандард. Веќе од декември се применува мерката за замрзнување на цените и е во сила до крајот на февруари. Во текот на оваа недела со економските ресори и со сите чинители, посебно во делот на производителите на овие основни производи, ќе имаме дискусии и најверојатно согласно првичните информации кои ги има Секторот за трговија ќе одиме со опцијата на одредување на маржи, имајќи во предвид дека согласно нашите анализи на таков начин нема да има ценовни шокови за основните прехранбени производи“, прецизира Бектеши.

Со одлука на Владата од 5 декември минатата година замрзнати се цените на лебот, шеќерот, брашното – тип 400, сончогледовото масло за јадење, трајното млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 проценти, свежото месо и сувомеснатите производи, сирењето и урдата, оризот, јајцата и тестенинините со цените што ги имале на 1 декември 2021 година.

Прашан за коментар за најавените протести на Комората за енергетика за во петок заради високите цени на електрична енергија што ги плаќаат компаниите и за барањето на ЗЕЛС за средби со Владата за изнаоѓање начин за подмирување на високите сметки за струја што ги имаат општините, Бектеши рече дека е демократско право на сите чинители на мирен начин да го кажат тоа што го мислат.

„Демократско право е на сите чинители, вклучувајќи ги и коморите, иако како што сум информиран одредената комора не е ни регистрирана во склоп на најголемите комори во нашата држава, да држат протести и на мирен начин да го покажат тоа што го мислат. Во однос на ЗЕЛС би ве повикал да се обратите до ЕВН и до ЕСМ која во овој момент управува со БЕГ, за да ги добиете износите на неплатените фактури од месец декември, да не зборуваме за првиот месец од годинава“, рече Бектеши.

замрзнати цени Крешник Бектеши
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.