Бунтовници отворија оган врз конвојот со хуманитарна помош на влезот од сирискиот град Хомс при што најмалку четири припадници на Сириската арапска Црвена полумесечена се ранети, пренесува Reuters повикувајќи се на локални извори.
Reuters не дава други поединост, а од своја страна AFP повикувајќи се на акаунтот на Twitter на Црвената полумесечина, пренесува дека конвојот бил гранатиран. Според AFP во нападот е повредено едно лице.
Доставувањето на хуманитарната помош за цивилното население во стариот град Хомс во кој неколку квартови држат сунитските бунтовници а 18 месеци е под опсада на армијата на сириската влада, започна по постигнувањето на тридневното примирје меѓу бунтовниците и владата во Дамаск. Договорот предвидува и евакуација од градот на цивилните жители.
Сепак исполнувањето на договорот наиде на тешкотии уште во првата фаза, откако градот го напуштија 83 луѓе. Се очекува да бидат евакуирана околу 200 лица, но поради извештаите за прекршување на прекинот на огнот во областа на извлекувањето, бројот на евакуираните е помал од предвиденото.
Очевидци изјавиле дека во саботата претпладне се слушале артилериски истрели, па конвојот со хуманитарната помош не можел да влезе во стариот дел од градот Хомс. Владата и вооружената опозиција меѓусебно се обвинуваат за прекршувањето на примирјето