Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нападнат со лажни вести – чиј нерв стапна Бојан Маричиќ?

0
By Нова ТВ on February 2, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Опозицијата во координација со структури од правосудството, остатоци од режимот на ВМРО ДПМНЕ, кога судии се избираа и се унапредуваа според списокот во полицискиот тефтер на Гордана Јанкуловска, со канонада од лажни вести сака да го дискредитира министерот за правда, Бојан Маричиќ, односно, да го нападне неговиот проект со филтрација на судството и обвинителството. Немајќи аргументи за процесот, оти се спроведува транспарентно и според методологија, немајќи факти за тоа дека Судскиот совет конечно профункционира и започна да разрешува судии, исто како што немаат со што да се спротивстават на решителноста на министерот Маричиќ за реформи во судството, но и на фактот дека за секој што ќе се покаже дека не е достоен за професијата ќе мора да замине од функцијата, одредени политички центри на моќ во корелација со судско- обвинителски структури го користат партиското влијание на ВМРО ДПМНЕ во медиумскиот простор и објавуваат лаги насочени лично кон министерот и кон неговото семејство, пред се кон татко му, пензиониран јавен обвинител.

Едно е сигурно, лажните напади за заплашување и измислените вести ќе продолжат, очекувано е дека и ќе се интензивираат правопропорционално со ударите кои ќе им ги задава министерот Маричиќ преку процесот со филтрација во судството, преку раскинување на коруптивно – криминалните врски на опозицијата со судско – обвинителскиот естаблишмент, чие децениско владеење го осакатило правосудниот систем. На овие структури, на кои е очигледно, дека со реформите во судството Маричиќ како да им пикнал прст во око, навистина им смета дека конечно некој е подготвен да постави поинакви стандарди во правосудството. И не само да ги постави, туку претходно да создаде услови за струката, за Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да можат нормално и непречено да функционираат, односно да си ја вршат задачата за која постојат. А главна задача во моментов им е како да ги исчистат своите редови од неспособните, партиски подобните и корумпираните.

Е, токму таа проверка на професионалното, етичкото и моралното, некому сериозно засмета, некому што му одговара хаос и неред, мито и корупција, политичка контрола врз предмети, некому што има полза од дисфункционален систем, систем во кој нема владеење на правото и нема правда.

За да биде појасно, прво лажна вест објави порталот „Република“, чија уредувачка политика е под контрола на ВМРО ДПМНЕ, а медиумот е на списокот финансирани од црните фондови од Будимпешта, кои завршуваат во медиумите на ВМРО ДПМНЕ, тема за која се напишаа низа истражувачки стории. Лагата беше дека наводно таткото на министерот се фотографирал гордо со статуа на Хитлер во Германија, но намерно не објавиле дека во постот на стариот Маричиќ, под неговата фотографија направена во Документацискиот центар за нацизмот во Нирнберг, пишува „Култот уште живее, ама само во вакви музеи кои служат за опомена“, со што целосно се демантира она што сакале да го направат од опозицијата и нивната партиска испостава во судството, дека таткото на Маричиќ е некаков фашист.

Понатаму, во недостаток на аргументација за судските реформи и политички капацитет за демократија и реформи, а преку тоа и создавање на европско, цивилизациско општество, опозициските медиуми продолжуваат со објава на нарачаните лаги, и повторно ниту во лагите не се зборува за суштината, за она што значат реформите и како да се спроведат за да имаме нормално и здраво судство, туку се напаѓа со измислени конструкции. Ако е точно тоа што го тврдат некои адвокати, профилирани во јавноста како адвокати на ВМРО ДПМНЕ, а го пренесува уште еден сомнителен медиум „Нетпрес“ тогаш зошто тие адвокати кога наводно морале да му подарат тепих на јавниот обвинител Момир Маричиќ, таткото на Бојан, за да им помогне во одреден случај, не го пријавиле кај претпоставениот? Зошто молчеле 20 години и сега, кога синот на пензионираниот обвинител застанува прв во одредот за реформи во правосудството, тие посегаат по црна кампања? Но, тоа е нивен избор. Заплашува тоа што и адвокати стануваат продолжена рака на криминалните судски структури кои стана јасно дека крајната цел им е да не успеат реформите.

Ваквите лажни вести се поклопуваат со вестите за поднесената интерпелација против Бојан Маричиќ од страна на опозицијата, што лагите за личната дискредитација ги става во определена функција -како да се оцрни неговата личност, оти тешко оди со делата. Затоа мораше да се измисли нова лажна вест дека министерот наредил да се избришат записници од контроли во Управниот суд кои биле објавени на сајтот на Министерството за правда. За волја на вистината записниците се таму каде што и биле цело време и никој никогаш не ги сокрил од јавноста. Арно ама, читачката публика на овие унгарско- вмровски портали никогаш нема да оди на нечиј сајт да провери дали навистина ги нема записниците оти е склона да верува во лагите и пропагандата која и ја сервираат. Значи три пати пукаа, три пати во празно. Празни фишеци и понатаму ќе има за Маричиќ од истите конструктори на лажни вести, па, по се изгледа ќе мора да ги замолчи решителна, праведна и итна реформа со филтрација на правосудството.

Свесен е и Бојан, свесна е и Владата што се ги очекува до правдата, до принципите на владеење на правото, до крајното неутрализирање на оние кои и понатаму имаат политичка и финансиска корист од криво поставениот систем. И сега кога некој прв се обидува да го исправи за да им помогне на граѓаните и на државата, истите структури упорно сакаат нештата да останат криви.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
ФОКУС

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

ВЕСТИ November 10, 2025

Берлин, некогаш поделениот град што беше симбол на Студената војна, денеска одбележа 36 години од…

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025
ТИКЕР

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.