Непознати лива утрото отвориле оган на резиденцијата на германскиот амбасадор во Халандрија, предградие на северот на Атина, предизвикувајќи материјална штета, јавува полицијата.
Нападот се случил во 3.30 часот по локално време а противтерористички екипи веднаш биле биле испратени на местото на инцидентот.
Според првичните информации во дворот на резиденцијата биле пронајдени дваесетина чаури, а сторителите избегале со мотор. Се претпоставува дека пукале од калашников.
Засега никој не ја презема одговорноста за нападот.
Нападите на дипломатски претставништва, банки и странски претставништва се чести во Грција, а полицијата за одговорни ги смета анархистите и левичарите. Во нападите најчесто има само материјална штета.