Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нападот во Барселона го потисна ривалството меѓу Мадрид и Каталонија

0
By Нова ТВ on August 19, 2017 СПОРТ
Фудбалерите на Барселона и на Реал со минута молк пред тренинг оддаваат почит кон жртвите и нивните најблиски во терористичкиот напад на познатата туристичка улица „Лас Рамблас“ во Барселона
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Новата сезона во шпанската Примера и во германската Бундеслига стартуваше синоќа, денеска се подигнува фудбалската завеса и во италијанската Серија А со дуелите Јувентус – Калјари и Верона – Наполи. Најважната споредна работа во светот во три од петте најсилни национални првенства на стариот континент, сепак, падна во сенка на терористичкиот напад во Барселона во кој 13 лица загинаа, а преку 50 се повредени кога напаѓач влета во маса луѓе со комби на популарната туристичка улица „Лас Рамблас“.

Каталонија, Шпанија и Европа се шокирани од кукавичкиот настан што силно одекна во јавноста. Од сите страни стигнуваат пораки со сочувство и поддршка до семејствата на жртвите и настраданите, до шпанските централни и локални власти, за неопходноста за истрајност во борбата со тероризмот како глобална закана.

Минута молк пред мечот меѓу Баерн Минхен и Баер Леверкузен

Голем број од нив се потпишани од славни спортски личности, а веста за трагедијата делуваше обединувачки и за најголемите ривали. Социјалните мрежи се преплавени со пораки во кои се изразува шок и револт од настанот, но и потреба од непоколеблива одлучност за цврсто застанување на патот на злото што може да демне насекаде.

По повод немилите сцени на „Лас Рамблас“, меѓудругите спортисти и спортски клубови, се огласија кошаркарот Пау Гасол, тенисерот Рафаел Надал, возачот во Формула 1, Фернандо Алонсо, фудбалерите Нејмар, Етик Абидал, Гари Линекер, Роналдињо, итн.

Нападот во Барселона го стави во втор план големото ривалство меѓу Мадрид и Каталонија. Со соопштение се јави и Реал Мадрид кој на својата официјална интернет страница изрази длабоко жалење за настанот, а клубот притоа додаде дека стои до жртвите и нивните најблиски.

Пораки со сочувство, покрај фудбалерите на Барселлона, испратија и нивните колеги од „кралскиот“ клуб од „Сантијаго Бернабеу“. Весникот „Марка“ што по традиција важи за близок до европскиот шампион од Мадрид испечати насловна страница со црна лента и голем натпис „Денеска не можеме да зборуваме за спорт“.

„Вестите што доаѓаат од Барселона се застрашувачки. Сета поддршка и солидарност семејствата и пријателите на жртвите во нападот“, напиша Португалецот Кристијано Роналдо додека пораки со слична содржина објавија и Герет Бејл и Серхио Рамос.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
ФОКУС

Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

ВЕСТИ October 13, 2025

Американскиот претседател Доналд Трамп, како и медијаторите Египет, Катар и Турција, попладнево го потпишаа договорот…

Тел Авив: Ослободени сите живи заложници од Газа

October 13, 2025

Хамас започна со ослободување на заложниците во Газа

October 13, 2025

Блокади за „Пулс“ во Кочани- ќе траат по еден час секој ден

October 12, 2025
ТИКЕР

Експлозија во зграда во главниот германски град

October 13, 2025

Почнува тридневната турнеја на Фон дер Лајен низ Западниот Балкан, в среда доаѓа во Скопје  

October 13, 2025

Првичните изборни резултати неповолни за Курти: Уште не службено но реакциите на опозицијата се дека ја изгуби јужна Митровица и дека во Приштина нема мнозинство

October 12, 2025

Албанија ги забрани електричните тротинети – засега времено

October 12, 2025

Четири лица загинаа, а најмалку 20 се ранети во масовно пукање во бар во Јужна Каролина

October 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.