Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Напаѓачот- дедото на Тамара го чекал Тодоров прво пред неговиот дом

3
By Нова ТВ on June 1, 2017 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Дедото на Тамара, 57 годишниот Љупчо Стојановски утринава прво бил во домот каде што живее екс министерот Никола Тодоров, дознава НОВА од свои извори во полицијата.  Го чекал да излезе од дома, но кога дознал дека ќе биде во Министерството за здравство се упатил таму, да го пречека. МРВ ги прегледува камерите да видат што се случувало пред домот на Тодоров.

Пиштолот со кој пукал во Тодоров не бил безопасен како што излегоа информации во јавноста. НОВА неофицијално дознава дека пиштолот со које  е пукано во Тодоров не е ниту гасен, ниту обичен. Според нашите извори, најверојатно станува збор за некоја комбинација, односно за надоградуван пиштол кој можел да убие. Во МВР оваа информација не ја потврдуваат и велат велат дека се работи на вештачење како на пиштолот, така и на целиот случај.

„Се работи на вештачење на пиштолот како и на испитување на сведоците. Разговарано е со Тодоров, а напаѓачот допрва ќе биде испрашуван. Тој е повреден од обезбедувањето и се уште во клиничкиот центар“, потврдија во МВР, за НОВА.

Откако ќе му биде пружена медицинска помош, Стојановски ќе биде однесен во полициска станица на сослушување. Нападот се случи денеска околу пладне кога при влегување во Министерството за да изврши примопредавање на функцијата, Тодоров беше нападнат при што беа испукани неколку куршуми. Очевидец за НОВА, видно потресен раскажаа што се случило.

„Тодоров влегуваше насмеан во зградата кога оденднаш се појави човекот и му го впери пиштолот во чело. Екс министерот болно врисна и почнаа да се борат, паднаа на подот. Човекот испука 3-4 куршуми но не го погоди. Истрча онбезбедувањето, а потоа дојде и полиција“, раскажа за НОВА очевидец на настанот.

Тодоров не е повреден, но е вознемирен од настанот. Неофицијално, случајот најверојатно ќе се води како „обид за убиство“, но за тоа последниот збор ќе го има обвинитеството откако ќе ги собере сите доказни материјали.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.