Еден проруски милитант и еден случаен минувач синоќа се убиени во Харков, источна Украина, во престрелката меѓу радикалните националисти и проруските милитанти повредени се пет лица.
Проруските милитанти се обиделе да влезат во зградата во која се наоѓала групата за кои се смета дека пукале во петокот навечер врз проруските демонстранти, објасни полициски извор нагласувајќи дека се работи за првични информации.
Според полицијата лицата кои се наоѓале во зградата први отвориле оган, но не е наведено дали проруските милитанти одговориле на тоа.
Утре, недела на Крим ќе се одржи референдум за тоа дали сака да се прилучи кон Русија. Неодамна беше донесена и декларација во која стои дека референдумот не може да има никаква важност и дека не може да претставува основа за промена на статусот на Крим, за што денеска ќе гласа и Советот за безбедност на ОН.