Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Направен е значаен исчекор во дијагностиката и лекувањето на рак на црниот дроб

0
By НОВА ТВ Balaban on February 4, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светски ден на рак

Изминатава година направен е значаен исчекор во превенцијата, дијагностиката и лекувањето на рак на црниот дроб, истакнува по повод Светскиот ден за борба против ракот, 4 Февруари, Координативното тело за борба против хепатоцелуларниот карцином кое го води Клиниката за гастроентерохепатологија во соработка со клиниките за радиотерапија и онкологија, инфективни болести и фебрилни состојби, дигестивна хирургија, Хепар Центар Битола, ГОБ  “8 Септември” и Министерството за здравство.

„Минатата година за прв пат беше лансирана Национална декларација за борба против рак како дел од европскиот план за борба против ракот, со посебен осврт на ракот на црниот дроб и потребата од персонализирана медицина за негова превенција, дијагноза и третман во нашата земја. Од Декларацијата произлегоа голем број на цели и започна нивната реализација, во рамките на што се обезбеди мултидисциплинарен пристап во превенција, дијагностика и лекување на ракот на црниот дроб. Голема придобивка е и набавката на современа терапија за лекување на хепатитис Ц, како и набавка на современа терапија за третман на рак на црниот дроб. Исто така, се имплементираа и најсовремени дијагностички мерки за рана детекција на рак на црниот дроб“, велат од Хепар центарот.

Оваа година активностите на Координативното тело се насочени и кон тоа за прв пат црнодробниот карцином да се вклучи  во програмата за рана детекција на малигни заболувања во нашата земја, која треба да стартува со поддршка на Министерството за здравство, Канцеларијата на СЗО во Скопје и ЕЛПА.

„Националната декларација за борба против рак на црниот дроб ја повикува Владата на Република Северна Македонија, Министерството за здравство, Фондот за здравствено осигурување, општините и сите засегнати страни да развијат целосно финансирана национална програма, која ќе се спроведува преку партнерства помеѓу сите релевантни субјекти и засегнати страни, како во здравствениот, така и во поширокиот социјален контекст. Реализацијата на националниот план треба да се одвива во четири клучни акциони области: превенција, рано откривање, дијагноза и третман и квалитет на живот на пациентите со рак на црниот дроб“, се вели во соопштението од Хепар центарот.

Повеќе од 830.000 луѓе во светот починале од рак на црниот дроб во 2020 година, со што оваа болест стана  третата најчеста причина за смрт од рак на глобално ниво.

„Можеме да ви кажеме дека во СЗО Европа во 2020 година има 98787 лица кој биле дијагностицирани со карцином на црн дроб и 89130 луѓе починале од рак на црн дроб што по инциденца ја става Европа на високото 2 место во светот после Азија“, велат од Хепар.

Во последниве пет години на Клиниката за гастроентерохепатологија дијагностицирани биле 355 пациенти со рак на црн дроб.

канцер хепар центар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
ФОКУС

НБ: Преку СЕПА, од утре побрзи и поевтини плаќања во евра за граѓаните и компаниите

ВЕСТИ October 6, 2025

Започнувајќи од утре, граѓаните и компаниите ќе можат да ги извршуваат плаќањата во евра со…

Во Египет почнаа индиректни преговори помеѓу Израел и Хамас

October 6, 2025

По само нецел месец францускиот премиер Себастијан Лекорну поднесе оставка

October 6, 2025

Израел и Хамас почнуваат преговори во Египет за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025
ТИКЕР

Меркел: Дали Путин ќе ја нападнеше Украина ако не се случеше пандемијата?

October 6, 2025

Се преврте чамец со 11луѓе во Дунав кај Бачка Паланка, има настрадани

October 6, 2025

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.