Песната „Напуштен град“ од Јовица Тасевски-Етернијан беше објавена како песна на денот во американското списание „Вокс поетика“.
Во списанието е објавена и информација дека Етернијан е поет од Република Македонија, автор на шест поетски книги и дека го има добиено меѓународното признание „Восхитувачки поет“ што се доделува за исклучителни достигнувања во поезијата.
Списанието „Вокс поетика“ е вклучено во мрежата за номинации за престижната награда „Пушкарт“ што се доделува во САД за најдобро објавено поетско и прозно дело во американската периодика, а избраните песни на денот објавени во рубриката „Денешни зборови“ претплатниците на ова списание ги добиваат секојдневно по електронска пошта.
Поезијата на Јовица Тасевски-Етернијан е преведена на петнаесетина јазици и објавена е во списанија и антологии во над дваесет држави.