Од утре до сабота државата ќе биде зафатени од високи температури од портокалова фаза, соопштија од Министерството за здравство.
„Министерството за здравство, согласно Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз населението во Република Македонија, а со цел заштита на здравјето на луѓето, препорачува од работни обврски да бидат ослободени бремените жени и хронично болните лица на возраст над 60 години. На работодавците им се препорачува да го реорганизираат работното време во насока на избегнување активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот. Министерството за здравство препорачува да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во истиот период“, пишува во соопштението на министерството за здравство.
Од таму потсетуваат граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, на пример да не се изложуваат директно на сонце од 11 до 17 часот, да носат светла и лесна облека, да консумираат лесна храна и течности. хронично болните лица треба да редовно да земаат терапија.
Поради повисоките температури кои се најавуваат за следните денови потребно е повисок степен на внимание при подготовка и консумирање на храната.