Во мексиканската држава Мичоакан беа пронајдени пет обезглавени трупа пренесуваат француските медиуми, повикувајќи се на регионалните власти.
Одговорноста за убиствата, во белешка оставена крај телата, ја презеде наркокартелот „Халиско Нова генерација“, од истоимената соседна мексиканска држава.
Три од труповите биле најдени во близина на мост, а главите им биле оставени до нив. Останатите два трупа биле најдени подоцна. Главите им биле фрлени на тротоар во близината.
Мексиканската држава Мичоакан, што се наоѓа на тихоокеанското крајбрежје, е од клучно значење за шверцот со наркотици.