Бранко Тричковски: Кај десетина потресени, претресени и приведени граѓани, полицијата откри 2,35 грама марихуана, три семки од канабис и една кафена лажичка прашкаста материја за перење на шарени алишта на температура до 60 степени. Од овие феноменални резултати јас заклучив дека наркоманијата во Македонија е искоренета поуспешно од маларијата и туберлулозата. Браво, бе,Тошковски. Цело Скопје го свртев не можам еден џоинт да свиткам. Морам да се дрогирам со “чист” воздух.