Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на Македонија не очекува поголеми промени во однос на амбиентот за водење на монетарната политика.
Според динамиката во следните две години, и натаму се очекува зголемување на дефицитот во тековната сметка, делумно заради увозните притисоци од инвестициите.
Во 2013 година кредитната поддршка на економијата е малку послаба од очекувањата, имајќи предвид дека банките се уште се воздржуваат од кредитирање.
Бидејќи глобалното закрепнување се уште е неизвесно, постојат ризици за надворешната позиција на економијата, кои можат да се прелеат преку повеќе пунктови. Базичната инфлација и натаму е релативно висока што упатува на потреба од поголема претпазливост.
Овие ризици бараат постојано следење на евентуалните промени во надворешните и домашните економски услови во наредниот период и навремено преземање соодветни мерки, посочува НБРМ.