Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народна Банка направи надолна ревизија на економскиот раст од 2,9 отсто и стапка на инфлација 8,8 отсто

0
By Mirjana on May 18, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска денеска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП),  Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово.

На презентацијата, гувернерката посочи дека војната во Украина предизвика силни ценовни притисоци на меѓународните пазари на примарни производи, како и неизвесност за глобалните економски изгледи. Како мала и отворена економија, којашто е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние не сме имуни на овие движења и согласно со тоа во најновите проекции е направена надолна ревизија на годинешниот раст, со проекција за раст на БДП од 2,9%, додека очекувањата за годишната инфлација се повисоки, со стапка од 8,8%. Таа посочи дека поради високата неизвесност, проекциите на меѓународните финансиски институции варираат, но главно за оваа година ревизиите за растот се надолни, а за инфлацијата нагорни.

На среден рок се очекува извесна стабилизација на економските показатели. Во однос на ценовните движења, очекувањата се дека инфлацијата би почнала умерено да забавува во втората половина на 2022 година, како резултат на стабилизирање на цените на примарните производи. Веќе следната година значително би забавил ценовниот раст, пред сѐ како резултат на проекциите за пад на цените на енергентите и на храната на светските берзи, од меѓународните финансиски организации. Со тоа, за 2023 година, се очекува дека стапката на инфлација ќе забави и ќе се сведе на 3%. На среден рок, проекцијата е дека инфлацијата ќе се движи околу 2%, во просек.

За 2023 година се очекува раст на домашната економија од 3,6%, во согласност со очекувањата за стабилизирање на кризата и на ценовните притисоци, закрепнување на странската побарувачка и намалување на проблемите со синџирите на снабдување во следната година. На среден рок, се очекува задржување на солидниот економски раст, со реална стапка од 4% во 2024 година.

Проекциите се дека банкарскиот сектор и натаму ќе биде важна поддршка за економијата. За 2022 година се очекува кредитен раст од 7,7%, а со слична динамика би продолжил и во следниот период, односно во периодот 2023 ‒ 2024 година во просек би изнесувал 7,6%. Растот на депозитите во 2022 година би изнесувал 5%, додека во следниот период умерено би забрзал и би достигнал 7,5% во просек во периодот 2023 ‒ 2024 година.

Народна Банка со проекција на растот и инфлацијата
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
ФОКУС

Рокас до Сиљановска: Сегашниот момент е најдобар за храбри и одлучни чекори во реформите

ВЕСТИ November 5, 2025

Евроамбасадорот Михалис Рокас на средбата со претседателката Гордана Сиљановска Давкова ѝ порачал дека сегашниот момент…

ЕК: Северна Македонија треба да ги финализира обрските за отворање на Кластерот „Основи вредности“

November 5, 2025

Зохран Мамдани избран за градоначалник на Њујорк – прв муслиман на функцијата

November 5, 2025

Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за напредокот за 2025 година

November 4, 2025
ТИКЕР

Десет повредени, четворица во критична состојба – возач намерно удри во луѓе во Франција

November 5, 2025

Муштериите разочарани од часовниците што ги продава Трамп, се жалат на слаб квалитет и доцнење на испораките

November 5, 2025

Гугл привремено го отстрани новиот ВИ-модел „Џема“ поради халуцинации и лажни податоци

November 5, 2025

Владата на САД руши рекорди – веќе 36 дена е во блокада

November 5, 2025

Во пожар во Дом за пензионери во БиХ загинаа 10 лица

November 5, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.