Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народниот правобранител ќе го истражува паралелниот увоз со лекови

4
By Менче Атанасова Точи on October 26, 2017 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Народниот правобранител се заинтересира за случајот со паралелниот увоз со лекови и сомнежот на странските иновативни компании дека 40 проценти од овие лекови се фалсификат. Од институцијата Народен правобранител веќе се обратиле до Агенцијата за лекови(МАЛМЕД) од каде побарале првични информации за потеклото на овие лекови, од каде доаѓаат, како влегуваат, како се транспортираат и чуваат, а одговорот за набавките со лекови ќе побараат и од клиниките.

„Со голема загриженост ја примивме оваа информација, ги следиме овие случувања, новинарските истражувања и жалбите на граѓаните.Побаравме првични информации од Агенцијата за лекови, а следниот чекор ќе биде да влеземе таму и да видиме за што се работи.Сметаме дека се работи за многу сериозна работа и ќе го истражиме овој случај до крај“, изјави за НОВА Иџет Мемети, Народен правобранител.

Мемети нагласи дека особено ќе се заинтересираат и дали набавките на лековите одат преку Советот за јавни набавки, преку кој, како што вели „поранешната влада ги контролирала сите фирми“

Реакцијата на Народниот правобранител доаѓа откако НОВА започна да истражува за случајот со паралелниот увоз со лекови, а пријава стигнала и од Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ кои се сомневаат во исправноста на инсулините.

НОВА веќе  објави дека Асоцијацијата на иновативни странски компании во земјава „Фармабренд нова“, се сомнева дека 40 проценти од лековите од паралелниот увоз се фалсификати. Според податоците од МАЛМЕД минатата година дури 70 проценти од лековите од паралелниот увоз биле наменети за болничко лекување, а 30 проценти биле на рецепт во аптеките.

Лекови од паралелен увоз се оние лекови кои не доаѓаат директно од производителот, туку преку трети земји и нивниот правец на движење најчесто не е познат, тие се носат од веледрогерија до веледрогерија додека стигнат до крајната цел.

За некои од нив, фарамцевтите се сомневаат дека се изнесувани од турски болници или аптеки.

Претходната Влада во 2012 година одлучи на ваков начин, преку паралелен увоз да ја намали цената на лековите. Но, наместо од земји од ЕУ каде што има строги закони и критериуми за паралелен увоз, евтините лекови во Македонија најчесто се увезуваат од Турција или Русија. А, токму Турција е земја каде што паралелниот увоз е забранет со цел да си ги заштитат своите граѓани и да им обезбедат безбедни лекови. . 

Tоа се лекови кои кога влегуваат во државата немаат сертификат за квалитет директно од производителите, така што тие не гарантираат за нивниот квалитет. Фармацевските компании производители на овие лекови, не знаат каде и како се чувани, како се транспортирани, дали во нив настанале некои промени и затоа не се сметаат за одговорни доколку дојде до несакано дејство или до смрт.

Во едно од своите истражувања, НОВА откри шокантни податоци за тоа како на тендер на Министерството за здравство добивале смртоносни лекови, за  потврдени случаи на фалсификувани лекови, но и со сомнителен и непотврден состав.

Откако започна да се носи инсулинот преку паралелен увоз започнаа и проблемите на луѓето со дијабетес.Тие неколку години по ред се жалат дека одредени инсулини не им делуваат. Се сомневаат во начинот на транспорт или чување, дека можеби има прекин на ладниот ланец. Во такви случаи лекот нема дејство или пак е токсичен. 

Тоа се проблеми во смисла “ставаш инсулин, како да ставаш вода, ако го користиш инсулинот подолго од три дена, веќе не делува како што треба да делува, односно дејството му е драстично намалено“, велат пациентите со дијабетес.

Токму затоа и Асоцијацијата за детски дијабетес „Баланс МК“ реагираа до Агенцијата за лекови од каде што побараа да извршат  вонредна контрола за да се утврди дали во било кој момент е прекинат ладниот ланец за време на транспортот или чувањето и доколку има законска можност преставник од нив да биде набљудувач на процесот на контрола.

Агенцијата пред две недели врешеше засилена инспекциска контрола и детално ги проверувала сите серии на инсулини кои ги носат дистрибутерите. Анализи биле правени и во една од лабораториите во државата иако е познато дека нема можност да се испитаат сите параметри на составот на инсулините. Нема информации што покажале вонредните контроли на инсулините кои ги спроведе МАЛМЕД.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.