Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

НАСА пронајде докази за органски хемикалии на Марс

0
By Mirjana on December 18, 2021 СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Роверот „Упорност“ на НАСА, на Марс најде докази за органски хемикалии, кои учествувале во градењето на животот на Црвената планета. Тимот кој стои зад истражувачкиот ровер, ова откритие го објави во средата.- Тоа не е доказ за живот на кој многумина се надеваа, но дефинитивно е интригантно откритие, рекоа научниците.

НАСА штотуку пронајде докази за органски хемикалии на Марс

„Упорност“ ги откри органските хемикалии што содржат јаглерод, во карпите на површината на Марс во близина на кратерот Језеро. Роверот направил прелиминарна анализа на карпите и ги открил соединенијата што ги содржат. Сепак, роверот на НАСА, испрати и примерок назад на Земјата каде што научниците ќе направат подлабока анализа на потеклото на органските хемикалии.

Откритието е големо за стремежот да се најде човечки живот на Марс. Сепак, важно е да се забележи дека ова не е нужно доказ дека некогаш постоел живот на Марс. Интригантната работа за органските хемикалии како јаглеродот е тоа што тие можат да се произведуваат со биолошки и небиолошки средства. Како такви, научниците ќе треба дополнително да ги анализираат карпите за да го утврдат изворот на соединенијата.

Инспекцијата на карпите, исто така, ќе не научи повеќе за кратерот Језеро. Ова ја вклучува временската рамка на критичните настани. Како прво, научниците веќе заклучиле дека карпите во кратерот повеќепати се сретнале со вода. Со овие нови примероци, тие би можеле да откријат повеќе за потеклото на карпите.

Долга потрага по одговори

Потрагата по одговори за потеклото на одредени материјали на Марс е долга.

– Почнав да очајувам дека никогаш нема да го најдеме одговорот, рече научникот од проектот Perseverance, Кен Фарли, во изјавата за откритието.- Но, тогаш нашиот инструмент PIXL добро го погледна избришаниот дел од карпата од областа наречена „Јужна Сеита“, и се стана јасно, додаде Фарли.

Фарли подоцна рече дека се чини дека карпата се формирала кога кристалите растеле и последователно се сместиле во магма која бавно се собира.Сите овие настани можеа да помогнат во создавањето на органските хемикалии кои ги откри „Упорност“. Овие примероци би можеле да бидат ризница на информации за настаните што се случиле во кратерот Језеро.

ЖИВОТ НА МАРС ПРОНАЈДЕНИ ДОКАЗИ ЗА ОРГАНСКИ ХЕМИКАЛИИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025

Политико: Германија планира да купи оружје во вредност од 377 милијарди евра

October 27, 2025

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.