Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Насилникот што ја давел и избодел сопругата бил пријавен уште во јануари, но жртвата одбила заштита

0
By НОВА ТВ Balaban on June 22, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Прилепчанецот кој вчера се обидел да ја убие неговата поранешна сопруга и тоа среде бел ден, во домот на нејзините родители, уште во јануари годинава бил пријавен за семејно насилство. Тогаш било разговарано со жртвата, но таа не сакала да се поведе постапка пред Основен суд за изрекување на привремени мерки за заштита, за што има своерачна потпишана изјава, потврдуваат за НоваТВ од Центарот за социјални работи во Прилеп.

Одбивањето на оваа мерка вчера можеше прескапо  да ја чини оваа 43-годишна жена, дури и живот – таа вчера едвај успеала да ги преживее нападите од поранешниот сопруг кој најпрвин започнал да ја дави и да ја удира со тупаници по главата и по телото. Нејзината мајка се обидела да го оттргне, но насилниот човек ја турнал, извадил нож и на поранешната сопруга ѝ нанел неколку рани во телото и ногата. Жената ја спасиле  тројца соседи кои успеале да го изнесат надвор насилникот.

Животот на напаствуваната жена висел на конец, а семејната драма  продолжила во болничките ходници, каде нејзините родители се молеле да биде спасен животот на нивната ќерка.

Очевидец на драмата во болницата раскажува дека од блиски роднини слушнале дека насилникот претходно ја запалил и нивната семејна куќа, а по вербалното и физичкото насилство, жената избегала кај родителите. 

И на насилникот вчера му била укажана помош во болницата, тој наводно се обидел да си го одземе животот сечејќи ги вените, а двете раце му биле со преврска.

За тоа дали можело да се спречи ваквиот за малку фатален исход за жртвата, дали насилникот бил пријавен и дали стручните лица реагирале, раководителката на Меѓуопштинскиот Центар за социјални работи во Прилеп, Јасминка Митреска, за НоваТВ денеска изјави дека случајот го следат од јануари и дека преземаат чекори да ја заштитат несреќната жена.

„Во ЈУМЦР Прилеп има пријавено семејно насилство во јануари 2022 кога е извршен разговор но жртвата не сакала да се поведе постапка пред Основен суд за изрекување на привремени мерки за заштита, за што има своерачна потпишана изјава. За настанот од завчера (20.06.2022 година) ги преземаме потребните активности, односно ја посетивме жртвата која е хоспитализирана во Општа болница ‘Борка Талески’ и разговаравме со неа. Исто така, тимот изврши посета и во семејниот дом и ги презеде потребните мерки за заштита од семејно насилство, согласно Законот за превенција и заштита од семејно насилство, односно поднесен е предлог до Основен суд Прилеп за изрекување на привремени мерки за заштита од семејно насилство“, вели Митреска.

Од Центарот тврдат дека и понатаму ќе ја следат состојбата и ќе ги преземаат сите потребни мерки и активности согласно Законот и потсетуваат дека оваа установа има дежурен телефон кој што е достапен во текот на 24 часа.

Во прилепскиот Центар за социјални работи во текoт на оваа година, од јануари до мај се примени дури 81 пријава за семејно насилство, а во минатата година имало повеќе од 200.

Јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, оценувајќи дека постои опасност тој да избега, да влијае врз сведоците и оштетените или да го реализира обиденото кривично дело. Судијата го прифати предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.

Љубица Балабан

нападите Прилепчанецот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
ФОКУС

Пекинг до САД: Кинеското повторно обединување со Тајван е незапирливо

ВЕСТИ October 31, 2025

Кинескиот министер за одбрана Донг Џун денеска во разговорите на високо ниво во Малезија изјави…

Српските студенти маршираат кон Нови Сад – утре една година од трагедијата

October 31, 2025

Комунална хигиена: Нема нафта за камионите – УО бара спас од Арсовска

October 30, 2025

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

October 27, 2025
ТИКЕР

Украина ѝ предаде на Литванија заробен Русин за да му се суди за воени злосторства

October 31, 2025

Литванија привремено го затвори воздушниот простор над главниот град поради балони

October 31, 2025

Летонскиот парламент ја повлекува земјата од Истанбулската конвенција документ за спречување и борба против насилството врз жените

October 31, 2025

Турција почна со обука на сириската армија

October 30, 2025

Кипар – родова еднаквост и на семафорите

October 30, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.