Тројца војници и еден владин службеник загинаа денеска во Тајланд за време на парламентарните избори.
Анти-владините демонстранти, како што најавуваа изминативе недели, денеска речиси целосно го попречија гласањето во десетици избирачки региони, со закана дека ќе да ја продлабочат тримесечната политичка криза.
Предвремените парламентарни избори беа целосно или делумно укинати во 6 од 50 изборни единици во Бангкок, иако беа под силно полициско обезбедување.
Како што јавува државната изборна комисија, причина за затворање на местата е тоа што членовите на избирачките места не успеале да стигнат до изборните едници. Била попречена и дистрибуција на избирачкиот материјал.
Тајландската власт тврди дека изборите сепак ќе бидат успешни, а премиерката Јинглак Шинаватра очекува нејзината партија да победи и на овие предвремени избори.