Наскоро Новата 2014-та ќе ја дочекаат жителите од неколку држави. Први, во 11 часот по наше време, Новата година ќе ја прослават на Божиќните острови, Карибите и Самоа.
Еден час подоцна Новата година ќе пристигне во Нов Зеланд. А во 14 часот Австралијанците ќе си ја честитаат Новата 2014 година. Огнометите низ Австралискиот контитет ќе го означуваат почетокот на 2014 се до 16.15 часот.
Потоа следуваат жителите на Јапонија каде Новата година ќе пристигне во 16 часот, па Кинезите во 17 часот.
Следува Пакистан каде Новата година ќе пристигне во 20 часот, потоа Ирак во 22 и Грција во 23 часот по наше време.
Еден час после Македонија почетокот на Новата година ќе биде означен во Велика Британија, а во 3 часот наутро во Бразил, во делови на САД и Канада во 6 часот наутро.