Трката за нов генерален секретар на НАТО е веќе започната иако неговата номинација е предвидена за есента 2014 година.
Најсериозниот кандидат за шеф на алијансата засега е поранешниот италијански министер за надворешни работи Франко Фратини а тука се и Полјакот Радослав Сикорски, министер за одбрана и неговиот германски Томас де Мезиер. Неофицијално на трката и се придружи и белгискиот министер за одбрана Питер де Крем.
Мандатот на Данецот Андерс Фог Расмусен на чело на НАТО заврши на овој 31 јули но беше продолжен до следното лето кога ќе започне кога и официјално ќе се знаат кандидатите за негов наследник. Новиот шеф на НАТО треба да биде именуван на следниот самит следната есен.
И додека се очекува стартот на официјалната трка за нов генерален секретар истовремено вакви рокови течат и во ЕУ. Од идната есен ќе има нов претседател на Европската комисија. Засега единствениот официјален кандидат е германскиот социјалист Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент.
Нови личности ќе дојдат и на местата на престедател на Европскиот совет Херман Ван Ромпеј и на шефицата на европската дипломатија Кетрин Ештон чии мандати истекуваат за една година.