НАТО ќе распореди Авакс авиони за извидување во Полска и Романија за следење на украинската криза, јавува Би-Би-Си.
Алијансата даде зелено светло за летовите во понеделник, портпаролот на НАТО им изјави на новинарите.
“Сите Авакс летови за извидување ќе се одржуваат само преку територијата на Алијансата”, изјави официјалното лице.
Овој потег на НАТО доаѓа откако Русија ја цементираше својата контрола на Крим, Украина, во пресрет на референдумот во неделата за приклучување на Русија. Украина и Запад излегоа со реакција дека овој референдум е нелегален.
Денеска вооружени мажи – за кои се вели дека се руски трупи и локални милиции – ја окупираа воената болница во Крим.
Напаѓачите маршираа во болницата во регионалниот главен град Симферопол, заканувајќи се на вработените и околу 30 пациенти.
Про-руските сили се исто така ги блокираат украински војници низ Крим.
Москва официјално негираше дека нивните војници учествуваат во блокадите, опишувајќи ги вооружените лица без обележја како сили за “самоодбрана” на Крим.
Владата во Киев – како и САД и ЕУ – ја обвинуваат Русија за инвазија на Украина, спротивно на меѓународното право.