Норвешкиот екс-премиер Јенс Столтенберг е именуван како нов генерален секретар на НАТО, на местото на досегашниот Данец Андерс Фог Расмусен.
Тој ќе ја преземе функцијата како лидер на 28-члената воена Алијанса во октомври, кога Расмусен заминува по самитот на НАТО во Велс.
Расмусен го предводеше НАТО во изминатите пет години.
Г-дин Столтенберг беше премиер на Норвешка во времето кога се случи нападот на Андерс Брејвик, во 2011.
Брејвик уби 77 луѓе, кога тој ги имаше на таргет владините згради во Осло и подоцна младите луѓе и претставници на младинскиот камп на Лабуристичката партија на г-дин Столтенберг.
Тој беше премиер на земјата двапати, за 18 месеци во 2000-2001 и повторно од 2005 до 2013.